Еврејските деца секогаш се охрабрени од нивните родители да работат напорно и да го менаџираат своето време, а тоа е тајната на нивниот успех. Ако сакате да ги копирате нивните методи, прифатете ги овие 7 златни правила:

Не создавајте им комплекси на децата

Никогаш нема да му кажат на детето „Не го направи тоа добро“, туку ќе речат „Како може добро дете како тебе да направи таква грешка?“ „Моето дете нема и не може да има маани“ – ова е ставот на мајките Еврејки. Можеби ги забележале, но никој друг нема да знае за нив бидејќи никогаш не зборуваат лошо за своите деца.

Слобода во разумна количина

Строги правила и слобода – еврејското воспитување е комбинација од овие две крајности. Родителите ги учат децата до која граница можат да одат, но преку разговор.

Почести пофалби

Пофалете ги децата секогаш кога е можно. Тие веруваат дека е важно да се фалат децата пред нивните пријатели, а се трудат и децата да го слушнат тоа бидејќи веруваат дека тоа им ја зајакнува самодовербата и желбата за успех.

Бидете пример за нив

Децата го имитираат она што го гледаат, па се верува дека родителот мора да биде добар пример.

Подарете им љубов и почит

Детето мора да расте во здрава заедница, опкружено со љубов и заедништво, за да прерасне во личност полна со самодоверба.

Усовршете се

Еврејските психолози веруваат дека усовршувањето на себеси е клучно за доброто воспитување. На овој начин и децата гледаат дека постојаното учење е клучот за успехот.

Научете ги мудро да го користат времето

Нивните деца имаат многу активности и уште од мали се учат дека е природно да се зафатени и окупирани и паметно да го поминуваат времето.

Извор



912

X