Иако многу луѓе веруваат дека арогантна личност пораснала во семејство каде што секогаш била приоритет, ја ставале на пиедестал во текот на нејзиното детство и се препуштале на сите нејзини желби, психолозите објаснуваат дека вистината е сосема поинаква. Многу студии покажале дека егоцентричноста на една личност често се поврзува со запоставување и емоционална или физичка злоупотреба.

Овие луѓе пораснале во семејства каде што нивните родители следеле индиферентен или занемарлив стил на воспитување, кој првенствено подразбира недостиг на поставени граници и емоционална ладнокрвност. Родителите што го користат овој родителски стил не поставуваат граници за своите деца, имаат мала или никаква контрола врз нивното однесување, а исто така се емоционално ладни бидејќи не покажуваат чувства. Со оглед на тоа што никој никогаш не се грижел за нивните потреби, овие луѓе развиле способност да ги сокријат сопствените емоции. За жал, иако ваквото однесување било здраво за нив кога биле деца бидејќи ги заштитило од можни разочарувања и им давало одредена самодоверба, тоа може да биде голем проблем во нивната зрелост.

Освен што личноста е арогантна и затворена, таа не е способна да покажува емоции кон другите луѓе, најчесто партнерите. Како што објаснуваат експертите, вистинската интимност и безусловната љубов бараат доверба и ранливост, нешто што овие поединци го имаат многу малку или воопшто го немаат.

Покрај ароганцијата, децата што растат со родители кои следат рамнодушен стил на воспитување често се многу непослушни, имаат ниска самодоверба, склони се на деликвентно однесување и често го менуваат расположението. Исто така, студиите покажале дека овие деца се склони кон развој на анксиозност и депресија, особено во подоцнежниот живот.

Извор



912

X