Принцезата Кејт Мидлтон, како што наведуваат експертите за толкување на кралското семејство, навистина направила повеќе промени во британската монархија, а како што сметаат тие, таа и прекршила некои од правилата за нејзините деца да растат нормално и без премногу наметнати правила.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, често зборувала за тоа како ги воспитува своите три деца, принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5). Не само што ги прекршила кралските правила во врска со родителските традиции во монархијата, туку зборувала и за тоа како нежно ги дисциплинира своите малечки, а експертите веруваат дека нејзиниот пристап се смета за „модерен“ во кралското семејство.

Вилијам и Кејт како приоритет за своите деца ја ставаат потребната приватност и слобода за да можат да уживаат во „нормално“ детство, а многу деца што пораснале во палатата не можеле да го остварат тоа право.

Авторот Том Квин неодамна изјавил дека принцезата Кејт не само што сакала нејзините три малечки да ги имаат истите слободи како нивните пријатели и врсници, туку е и свесна за влијанието на кралскиот живот – и правела сѐ за да не бидат дополнително „трауматизирани“ од сите протоколи и обврски. Затоа била подготвена да инсистира – некои правила да се променат во корист на нејзините деца.

Авторот вели: „Кејт знае да го прифати начинот на кој функционира системот, но во исто време субверзивно го менува. Таа инсистираше Вилијам да биде вклучен во рутината на децата пред спиење, да им чита и да ги бања. Тие и двајцата се грижат за задачите поврзани со училиштето“.

Принцезата се труди максимално да ја заштити приватноста на децата, па поставила граници во однос на медиумите и фотографиите: „Таа мисли дека може да го контролира сето тоа за да не бидат засегнати децата. И се чини дека нејзиниот пристап функционира – папараците веќе не висат околу училишните порти. Така децата имаат малку слобода“ – изјавил експерт за кралското семејство.

Извор



912

X