Движењето и моторичките вештини се учат на многу рана возраст, па затоа мора да дозволиме малите деца сами да научат што е опасно, а што не. Модринките и гребениците не треба да ги спречат во тоа.

Дури и модринките и гребениците се дел од доживотното учење.
Многу истражувања покажуваат дека малите несреќи, кои на таков начин го обликуваат секојдневието на детето, се добредојдено искуство за сите малечки деца. Како и во повеќето работи во животот, нештата се учат преку искуство, па така и родителите не треба да ги спречуваат децата да си играат во природа поради страв, каде што, се разбира, порано или подоцна ќе си „заработат“ модринки и гребеници. Така, децата побрзо ќе научат како и каде да чекорат за да избегнат можни повреди. Родителите често се премногу заштитнички настроени кон своите деца. Дури 43 отсто од британските родители сметаат дека децата не треба да играат на игралиштата без надзор.

Родителите често ја ограничуваат играта на децата на отворено поради страв

Честопати, верувајќи дека ќе направиме нешто добро за детето, го инхибираме неговиот развој. Затоа не треба да ги ограничуваме децата во дневни соби каде што ќе играат компјутерски игри, ниту пак треба да бидат изложени на постојан надзор на постарите.

Да, времињата се менуваат, но човечкиот развој не. Со играње на отворено, покрај моториката, децата развиваат и однос кон животот. Тие мора да научат доволно рано да преземаат ризици и одлуки бидејќи тоа може само да им користи во животот. Пред детето да оди да игра на отворено, најважната задача на родителот е да го предупреди за можните опасности.

Извор



912

X