Ви нудиме листа со прашања на кои треба да одговорите пред да му дозволите на вашето дете да преноќи кај другарче првпат. Иако ова ви изгледа како многу голем чекор, тоа е така и за вашето дете, па пожелно е детето да е целосно подготвено за тоа.

Каков е вашиот однос со родителите на детето каде што вашето би преспало?

Важно е вашиот однос да биде доволно близок за да можете да бидете целосно искрени за сите прашања поврзани со децата, а пред спиење мора искрено да разговарате со нив за сите можни проблематични ситуации и можни несреќи, за сите да ги поминат тие денови што е можно поопуштено.

Во чие друштво детето ќе поминува време?

Иако помалите деца често гледаат на постарите деца како на идоли и херои, постарите браќа и сестри можат да го поттикнат детето да се впушти во недозволено недолично однесување, така што ова е уште едно прашање за кое треба да разговарате со родителите на детето, како и со вашето дете.

Дали децата ќе имаат пристап до интернет?

Реално, сите добри страни на интернетот што постојат паѓаат во вода кога интернетот го користи дете кое не е доволно зрело и одговорно. Токму затоа и родителите на другарчето кај кое детето ќе преспие треба да го преземат овој дел од одговорноста за вашето дете, додека е под нивниот покрив. Се разбира, ограничувањата во голема мера зависат од возраста на детето.

Дали детето е подготвено?

Конечно, најважното прашање – дали детето е подготвено за првото преспивање? Иако на децата често им се допаѓа оваа идеја, приказната се менува кога детето всушност мора да ја помине ноќта без родителите и надвор од својот кревет. Затоа, многу е важно да разговарате со детето и да му помогнете да стане свесно што всушност значи преспивањето во друг дом. Ако детето навистина го сака тоа, но сепак се откажува во последен момент, можеби не е лошо да почнете со таканареченото „полупреспивање“ – оставете го детето да си игра, земете го пред спиење и вратете го на појадок, наутро. На овој начин детето само ќе ја прескокне најкритичната фаза, која е најтешка за сите деца.

Извор



912

X