Кога ќе се родиме, според научниците, имаме речиси ист број на нервни клетки кои ќе ги користиме до крајот на животот. Врските меѓу овие клетки почнуваат да се воспоставуваат уште од рана возраст, па соодветната стимулација го подобрува развојот на интелигенцијата кај детето. Но, запомнете дека не смеете да форсирате никаква когнитивна функција бидејќи на овој начин ризикувате да го преоптоварите детето и да предизвикате нарушување како што е, на пример, несоницата. Мора да запомните дека детето само на одредена возраст може да совлада и разбере нешто. Родителот е таму за да го препознае критичниот период за развој на одредена вештина или способност – и да го поттикне тој развој, во тоа време. Ова не е толку тешко како што обично мислат новите родители – доволно е внимателно да ги следите потребите на децата и да одговорите на нивните барања.

Вниманието е поважно од кој било подарок

Во наши услови, на секој родител ќе му звучи како утеха фактот дека времето што родителот го поминува со детето е многу поважно за неговиот развој отколку подароците што ќе му ги купи. Научниците утврдиле дека љубовта, вниманието, вистинската грижа на родителите за детето и секојдневното справување со него се многу поважни од образованието, професијата, богатството или големината на семејството.

Функцијата на рацете во служба на развојот на говорот

Со проучување на развојот на нервниот систем на детето, особено развојот на говорот, физиолозите го откриле големото стимулирачко значење на функцијата на раката. Зошто личноста која не може да ги најде вистинските зборови често користи гестови? И зошто детето, додека пишува или црта, го плази јазикот? Се покажало дека нивото на развој на детскиот говор директно зависи од степенот на формирање фини движења на прстите на рацете. Физиолозите го утврдиле следниов закон: кога развојот на движењата на прстите одговара на возраста, развојот на говорот е исто така нормален; но кога финиот моторен развој заостанува, заостанува и развојот на говорот. Научниците веруваат дека формирањето на важни говорни зони во мозокот се реализира под влијание на нервните импулси од прстите. Колку се поактивни прстите на бебето, толку подобро се постигнува говорниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на детето.

Што може да направи родителот?

Психолозите препорачуваат родителите да почнат со вежби и говорно-ритмички игри уште од мали нозе. Покрај тоа што се многу забавни за бебето, тие служат и како прва ритмичка и музичка стимулација и го поттикнуваат идниот развој на говорот. Тоа се истовремено и вежби за развој на слухот и перцепцијата на просторот, чувството за темпо и ритам, вежби за фини и груби моторни вештини, преку кои се стекнува контрола на целото тело.

Сте слушнале за емоционална интелигенција?

Современите психолози тврдат дека без EQ факторот, дури и познатиот коефициент на интелигенција е безвреден. Истражувањето на EQ е хит во светот, а токму сега научниците се обидуваат да разберат како IQ и EQ (општата и емоционалната интелигенција) се надополнуваат. Кога станува збор за елементите на успех во животот, тие тврдат дека коефициентот на интелигенција учествува со околу 20 проценти од успехот. Остатокот зависи од други фактори, како што се припадноста на одредена класа, среќата, невролошките процеси во мозокот и, се разбира, EQ – емоционалната интелигенција.

Самосвеста е клучна за емоционалната интелигенција. Тоа е способност да бидеме среќни поради тоа што го чувствуваме. Самосвеста е најважна бидејќи ни овозможува самоконтрола која не е важна за да ги потиснуваме чувствата, туку да го спроведеме она што го сакаме. Во процесот на воспитување на детето клучен фактор во развојот на самосвеста се љубовта и нежноста. Безрезервната и безусловната посветеност, која зрелиот и здрав родител му ја дава на детето, ќе направи повеќе за развојот на детето отколку што било друго.

Како да се поттикне детската интелигенција

До третиот месец:

-Милувајте го вашето бебе колку што е можно повеќе бидејќи тоа го поттикнува развојот на неговите физички и ментални функции.

-Купете играчки со различни бои и поставете ги така што детето да може да ги види.

-Пуштете му убава музика на бебето. Познато е дека класичната музика го стимулира мозокот.

-Дозволете му на бебето да си игра со водата додека вие го капете.

Од три од шест месеци:

-Набавете играчки што се движат за бебето да ги следи со очите.

-Скријте ги играчките и оставете го бебето да ги бара.

Шетајте го вашето бебе што е можно почесто.

-Постојано разговарајте со вашето бебе.

Од шест до 12 месеци:

-Дозволете му на бебето да ползи и така да го запознае светот.

-Хранете го колку што е можно поразновидно.

Од 12 до 18 месеци:

-Детето нека практикува колку што е можно повеќе игри и физички вежби.

-Дајте му шанса на детето да учествува во комуникацијата со околината.

Од 18 до 36 месеци:

-Оставете го детето да си игра со фигури за да се навикне на различни форми.

-На двегодишна возраст, детето веќе може да ги научи правилата на некои игри.

Извор



912

X