Како мајка, постојано сум загрижена за моите деца. Како самохрана мајка, пак, лудо сум загрижена за моите деца. Дали работам премногу? Дали сум премногу сиромашна? Дали пропуштам важни моменти од нивните животи?

Одговорот на сите овие прашања има тенденција да биде убедливо „да“!

Кога сте ограничени во сè: време, пари, помош, простор за дишење – сите страдаат. Ова го сфаќам лично. На крајот на краиштата, моите деца не бараа живот со самохрана мајка – и да бидам искрена, ниту јас го барав тоа.

Го најдов мојот принц, го кажав моето „да“ на млади години и почнав да носам малечки луѓенца на свет. Петнаесет години и четири деца подоцна, принцот побегна и јас останав сама да се справувам со сите обврски и предизвици. Деца, приходи, куќа, училиште, одмори – сето тоа главно зависи од мене, и тоа може да биде навистина исцрпувачко.

Моите деца го сфаќаат тоа. Тие го набљудуваа нашиот живот како преминува од „мајка која седи дома и ги пречекува со колачиња на врата“ до „луда мајка која се обидува да ги заврши сите обврски и едвај останува смирена“.

Сега, кога сум самохрана мајка, не сакам само да им дадам добар живот – сакам да им го дадам најдобриот живот.

Затоа престанав да се грижам за родителството 24 часа, за да видам што ќе се случи.

Често се обидувам да го надополнам сето она што им недостига. Се трудам да им го направам животот полесен, посреќен и полн со љубов. Ограниченото време и ограничените пари го променија начинот на кој сум родител. Бидејќи повеќе немам партнер за родителство, моите деца станаа партнери во сопственото постоење.

Тие сега сносат поголема одговорност за нивните распореди, нивните активности и нашиот дом. Со еден возрасен помалку достапен за планирање, организација и водење, моите деца треба да се насочуваат повеќе кон себе. Сето ова звучи добро и „фенси“, нели? Дозволете им на децата да го водат нивното постоење, дозволете им да бидат одговорни, помагајќи им да ја разберат сопствената моќ и дајте им ја токму таа моќ.

Да и не. Тоа денес нема да го применам, затоа што ова е вистината: Без разлика колку се замислувате себеси како добар учител, добар лидер и прилично „прибрана“ самохрана мајка, која на некој начин успева да функционира, децата сепак, се деца.

Тие знаат дека не треба да бидат лоши цимери, но сепак ќе ги фрлат пакувањата од гумите за џвакање на подот кога вие не сте тука. Тие кимаат со главата и се насмевнуваат кога ќе кажете: „Дечки, ми значи многу кога сте средени, затоа што тоа значи повеќе време за сите нас, за да ги правиме работите што ги сакаме“.

Но, свртете го грбот на две секунди и ќе видите како тие сè уште го пијат сокот од кисели краставички од тегла, сè уште мачкаат паста за заби на тоалетната школка, фрлаат мувлосани крпи во огромни купишта под креветот.

Децата избираат да направат нешто такво секогаш кога имаат шанса. Ним не им е потребен сопствен остров – само треба да ги оставите сами во куќата 63 минути. А вчера беше еден од тие денови. Работев еден час подолго од вообичаеното, а во тој час децата се вратија од училиште, отворија пакет од седум сладоледи и се намачкаа со восок од свеќа на своите тела.

Само што дојдов дома, морав повторно да излезам надвор. Едната ќерка требаше да ја носам на некој настан, а јас требаше да присуствувам на вечера. Немав време ниту да ја користам бањата, а камоли да ја испитам штетата.

Рано утрово се симнав долу и видов дека мијалникот е полн со валкани садови, a кујнската маса личеше на лабораторија. Како и обично, се чувствував лошо. Ова беше моја вина. Јас работев, а на децата им требав. Требаше да бидам таму за да ги поздравам, да ги штипнам нивните обравчиња и да ја запалам свеќата чиј восок го истурија врз себе. Обземена од чувство на вина, избезумено почнав да чистам и да раскревам.

И некаде помеѓу наоѓањето на картичката „Покемон“ во микробрановата печка и бришењето 54.000 дамки од јајца, сфатив дека сме заглавени во циклусот наречен „жал ми е“.

Велам „жал ми е“ што ме нема, работам и не сум модел на мајката која отсекогаш сакав да бидам. Затоа, средувам, чистам и се обидувам да го направам домот функционално место.

Потоа, по добар и цврст разговор, децата ја согледаа нивната грешка, рекоа: „Жал ми е“, и сите потоа продолживме со своите работи. Мајката се изморува затоа што мајката прави буквално сè.

Но, не денес. Престанав да ја бришам микробрановата печка, зедов хартија и пенкало, го исклучив рутерот и решив да престанам да држам предавања, да престанам да се извинувам и да почнам да очекувам од моите деца да ги прават основните работи кои секое дете треба да ги прави. Се разбира, бидејќи вечерва ќе работам до доцна, нема да бидам дома кога тие ќе се вратат. Затоа, им оставив неколку љубовни писма. Единаесет знаци дека завршив со циклусот. Единаесет мали потсетници дека ми е жал што имаат зафатена мајка, но не ми е жал што се живи. И не ми е жал што се способни.

Тешко е да се биде мајка. Мислам дека е фер да се каже дека е потешко да се биде самохрана мајка, но почнувам да гледам дека најтешкиот дел од самохраното мајчинство не е самото родителство, туку очекувањата што си ги поставувам кон себе.

Време е да почнам да ги менувам работите, време е да престанам да правам сè и време е да ги оставам сите други што можат да помогнат – да помогнат.

Извор



912

X