Емоционалното занемарување од страна на таткото може да има трајни последици во животот на детето, дури и кога тоа ќе порасне. Како што објаснуваат психолозите, постојат неколку знаци кои јасно покажуваат дека личноста пораснала со татко кој емотивно ја запоставил. Тие нагласуваат дека во повеќето случаи овие знаци можеме да ги забележиме дури во зрелоста.

Со оглед на тоа дека мажите со генерации се обесхрабрувани да покажуваат емоции, многу татковци се чувствуваат навистина непријатно со своите и чувствата на другите. Исто така, бидејќи научиле да се обидуваат да ги кријат своите емоции наместо да ги искажуваат и да се справуваат со нив, многу татковци немаат добри емоционални вештини, што има многу негативно влијание врз нивните деца.

Имено, многу истражувања покажуваат дека луѓето кои пораснале со татковци кои емотивно ги запоставувале потешко ги одржуваат партнерските односи, имаат ниска самодоверба и генерално се посклони кон депресија или анксиозност. Знаците дека најверојатно сме пораснале со таков татко го вклучуваат следново:

-се чувствуваме непријатно кога сме сами со нашиот татко;
-нашиот однос со таткото ни изгледа недоволно близок, односно студен;
-ни се чини дека нашиот татко не нѐ познава доволно добро;
-едвај можеме да разговараме со таткото;
-имаме проблеми во комуникацијата со нашиот татко или често се расправаме со него без причина.

Извор



912

X