Родителите често го бакнуваат бебето во лицето, некои и во устата или во близина на усните, од голема љубов – ваквото бакнување е особено застапено во странство каде што мајките и татковците ги бакнуваат децата в уста. Сепак, бакнувањето на новороденчето може да претставува голем ризик за неговото здравје, објаснуваат експертите.

А брзиот „цмок“ на усните може да доведе до сериозни проблеми со дишењето и здравјето кај новороденчето. Мајката која ја води веб-страницата за родители „Tiny hearts“ објаснила колку се исплашила кога пронашла седум рани на својата горна усна, по само шест дена од породувањето. Новата мајка, која е и поранешна медицинска сестра, го носела вирусот херпес, кој може да предизвика херпес на усните и генитални брадавици кај возрасните. Присуството на овој вирус кај бебињата може да биде опасно бидејќи нивниот имунолошки систем не е целосно развиен.

Неонаталниот херпес е многу ретка појава кај бебињата, но може да го зголеми ризикот од смрт доколку вирусот се прошири на органите на бебето. „Вирусот може да се пренесе на бебето преку близок контакт со заразено лице, особено за време на епидемија“, објаснила оваа мајка.

Ако неодамна сте станале мајка и сте заболеле од херпес, веројатно сте загрижени за безбедноста и здравјето на вашето бебе. Експертите препорачуваат да се преземат овие мерки на претпазливост за да се намали ризикот вашето дете да се зарази:

-Не бакнувајте го бебето по лицето.
-Не бакнувајте му ги рацете на бебето.
-Покријте ги усните кога сте во близок контакт со бебето (носете маска).
-Пред да го држите новороденчето, користете средство за дезинфекција на рацете.
-Темелно исчистете ги рацете со средство за дезинфекција пред да ги допирате работите што ќе ги допре вашето бебе, како што се кукли или шише.
-Одржувајте ја и лекувајте ја областа околу херпесот со лекови по консултација со лекар и фармацевт.
-Не допирајте го херпесот со раце.
-Внимавајте кога доите, не допирајте ги градите со рацете ако претходно сте го допреле херпесот.

Мајката Ники на социјалните мрежи посочила кои правила треба да ги почитуваат сите што ќе дојдат во нејзиниот дом за да го видат бебето:

-Нема бакнување на бебето.
-Ако сте настинати, не доаѓајте на гости.
-Ве молиме да не се појавувате ненајавени.
-Измијте ги рацете пред да го држите бебето.
-Вратете го бебето на мајката или таткото кога плаче.
-Не објавувајте негови фотографии на интернет без да прашате.
-Побарајте дозвола од родителите пред да одлучите да му смените пелената.
-Не носете силни парфеми.
-Нема посети додека бебето не наполни шест недели.
-Нема давање мислења, само поддршка.

Извор



912

X