Откако ќе дознаеме дека чекаме дете, почнуваме да фантазираме за полот, името, но и за изгледот на бебето. Дали девојчето ќе личи на мама, дали момчето ќе биде високо како тато? Откријте кои фактори одлучуваат за тоа.

Од кого бебето ќе ги наследи бојата на очите, висината и полот?

Мајчините гени сочинуваат 50 отсто од ДНК, а гените на таткото ги сочинуваат преостанатите 50 отсто. Меѓутоа, бидејќи машките гени се „поагресивни“, тие се подоминантни и затоа влијаат врз повеќе фактори кога станува збор за наследувањето.

Пол: Полот зависи од мажот. Ако мажот има повеќе сестри во семејството, веројатно ќе има ќерка, а ако има повеќе браќа, ќе има синови.

Квалитет на забите: Ако таткото има проблеми со забите, ќе имаат и децата. Овде гените се експлицитни – квалитетот на забите го наследуваме од таткото.

Интелигенција: Ќерките ќе црпат интелигенција од двајцата родители, додека синовите ќе бидат интелигентни на мајката. Сепак, само 40 отсто од интелигенцијата на мајката е наследена, остатокот се стекнува во текот на животот. Значи, работа, работа и само работа.

Ментални болести: Квалитетот на спермата се намалува со возраста. Поради ова, постарите луѓе можат да им пренесат мутирани гени на своите деца. Ова го зголемува ризикот од ментална болест, аутизам, хиперактивност или биполарно растројство. Ако мажот има срцева болест, најверојатно ќе им ја пренесе на своите синови. Ако мажот се борел со неплодност, истиот проблем ќе го имаат и синовите.

Тежина: Тежината зависи исклучиво од мајката. Ако мајката има тенденција да се здебелува, тоа ќе го прават и децата. Ако мајката е слаба, децата ќе бидат послаби.

Висина: Висината е повеќе под влијание на гените на таткото отколку на мајката. Иако тука постојат два начини на мерење:

  • Ако имате син, соберете ги висината на мајката и на таткото и додајте уште 5 сантиметри. Поделете го резултатот со 2 и ќе ја добиете висината на синот.
  • Ако имате ќерка, соберете ги висината на мајката и на таткото и од тој збир одземете 13. Резултатот поделете го со 2 и ќе ја добиете висината на ќерката.

Боја на очите: Доминантна е кафеавата боја. Ако едниот родител има кафеави очи, а другиот сини, детето веројатно ќе има кафеави очи. Не е исклучено детето да има кафеави очи иако родителите се синооки.

Виткана коса: Ако двајцата родители имаат виткана коса, ќе ја има и детето. Ако едниот родител има виткана коса, а другиот права коса, детето ќе има брановидна коса.

Извор



912

X