Отсуството на менструацијата и позитивниот тест за бременост во повеќето случаи се првите знаци од кои жената дознава дека е бремена. Сепак, лекарите тврдат дека постојат и други, посуптилни знаци, кои исто така може да укажуваат на бременост, а многу луѓе никогаш не би ги поврзале со тоа.

Еден од овие симптоми е кивањето. Како што објаснуваат лекарите, зголеменото течење на носот, проследено со кивање – е резултат на хормоните и зголемувањето на течноста во телото, што ја зголемува и дебелината на носната слузница која лачи насобран секрет.

Сепак, повеќето трудници погрешно го поврзуваат кивањето со настинка или грип, поради што само неколку жени го препознаваат овој симптом како еден од најраните знаци на зачнувањето.

Извор



912

X