Имав прекрасен план да го оставам телефонот исклучен – до среда. Да го поминам времето квалитетно со моите деца.

Така и започна мојот план. Во раните утрински часови се гушкав в кревет со мојата помала ќерка. Потоа, во кујната, ја прегрнав мојата постара ќерка, седнав со неа додека го пробуваше новиот појадок. Се стопив од радост кога ми рече: „Овие јагоди се највкусни“.

Сето тоа беше толку величествено, за една минута. И тогаш се сетив. Заборавив да ѝ кажам на нејзината наставничка дека од училиште ќе ја земе моја пријателка. Го вклучив телефонот за да испратам порака. Но, пред да стигнам до тоа, видов уште порака за да се изврши пријавувањето на децата за летни кампови.

Настана мала паника. Се советував со мојот партнер, кој правеше пржени јајца. Не беше баш добар за донесување одлуки кога е зафатен. А и јас немав такви вештини.

Учениците се на летен распуст, а родителите не се ослободени од работа во текот на цело лето. Така, решение беше да се запишат децата во еден куп летни кампови. Пријавувањата во камповите се одвиваат многу рано – некои уште во февруари – и нема доволно места. А јас не планирам ништо шест месеци однапред, и тоа дефинитивно не нашиот летен распоред. Но, склопив план – ќе го запишам моето дете до средината на јули, а потоа ќе ги оставам остатокот од јули и август слободни за патување.

Испратив порака за потврда дека во 10 часот ќе се логирам и ќе го пријавам детето за камп.

Потоа, хаосот почна да настанува кога не можевме да одлучиме кој физички ќе се најави и ќе ја изврши пријавата во 10 часот. Мојот партнер? Не, тој мора да разговара на телефон за нешто важно. Јас? Не. Јас ќе ја носам нашата помала ќерка на курс. Веќе беше 8:30, а ние доцниме.

Финото утро се претвори во логистички кошмар.

Нашиот брз лек беше да им се обратиме на бабите и дедовците. Му реков на мојот сопруг да им испрати пораки на моите родители за да се најавиме и да нагласи дека треба да се најдеме точно во 10 часот.

Сè уште требаше да ја известам наставничката на ќерка ми. Додека возевме до училиштето, мојот сопруг ми испрати порака дека не може да ги најде информациите за логирање на страницата за летните кампови, исто така мајка ми ми испрати порака и праша како таа да го реализира пријавувањето, а и мојата помала ќерка истовремено почна да се однесува вознемирено во автомобилот. Потоа ја прегрнав мојата постара ќерка за збогум, па се паркирав за да ги средам работите. Ѝ ги испратив информациите за најавување на мајка ми, а потоа конечно се вратив на патот.

Курсот кој го посетуваше мојата помала ќерка ми овозможи да го оставам телефонот настрана цел час. Бев неизмерно благодарна за тие моменти на тишина. До крајот на часот, мојот телефон имаше многу известувања. Пораки од мајка ми кои го потврдуваат пријавувањето на камп, пораки од пријатели кои се обидуваат да ги координираат термините на кампот, порака од дадилката за годишен одмор.

Ова е животот на секој родител во моментов.

Ова е само мал дел од логистичката администрација што ја извршуваат родителите – особено мајките, што се однесува на грижата за децата. Оптоварени сме со жонглирање на распореди и термини за часови, курсеви, патувања, кампови, училишни апликации… Можеме да се запрашаме: „Дали сето ова е добро, здраво користење на времето, енергијата и резервите на мајката?“ Не, едноставно не е.

Но, еве каде е борбата: мојата желба за ред, мојата потреба за грижа за децата и нивните основните потреби – не може да функционира без логистичкиот рингишпил кој штотуку го опишав.

Вистината е дека премногу го ценам нашето време како мајки за да се откажам од огромниот обем на логистички хаос што треба да го преземеме за да ги задоволиме нашите потреби за грижа за децата. Мора да постои подобар начин за да го зачуваме нашиот разум, а јас имам намера да го пронајдам – или да го изградам. Патот до згрижувањето на децата не треба да биде толку тежок.

За згрижувањето на децата не треба да се плаќа висока цена која резултира со исцрпени мајки на крајот.

Автор: Сара Садек

Извор



912

X