Желбите за необична храна во бременоста понекогаш звучат како мит, но за многу идни мајки тие се реалност. Додека некои имаат среќа да сакаат здрава храна како овошје, други се повеќе привлечени од слатки или висококалорична храна што инаку не би ја вкусиле.

Новото истражување на „Уанпол“ спроведено на 2.000 жени кои родиле во последните шест години покажа дека дури 9 од 10 (89 отсто) имале желба за одредена храна за време на бременоста.

На врвот на листата со 47 отсто е „вонсезонската“ храна до која е тешко да се дојде, како пита со јагоди во зимските месеци. 42 отсто од трудниците сакале необична комбинација на храна – кисели краставички и сирење, сардини и кечап, и сендвич со путер од кикиритки и маршмелоу, но со пет слоја леб, а секоја трета (35 отсто) сака одредена храна која може да се најде само на едно место.

Зошто бремените жени имаат чести промени во расположението?

Истражувањето спроведено од „Уанпол“ покажа дека 89 отсто од жените ги промениле своите навики поради бременоста, 38 отсто од нив уште во првиот триместар. Покрај изборот на похранлива храна, трудниците изјавиле дека почнале да прават пренатални вежби (51 отсто), да пијат повеќе течности (38 отсто) и да спијат повеќе (36 отсто).

Дури и пред зачнувањето, околу една од 10 жени (11 отсто) веќе почнала да избира имиња, а само една од четири (25 отсто) почнала да зема пренатални витамини.

Освен што споделија како се промениле нивните здравствени навики за време на бременоста, интервјуираните жени споделија и како се врзувале со своето бебе во тој период. Најчести биле пеењето (56 отсто), разговорот со бебето (55 отсто) и читањето книги (49 отсто).

Најпопуларните желби за бременост

– Сезонска храна која во тоа време ја нема- 47 отсто
– Невообичаена комбинација на храна (на пр., путер од кикиритки и кисели краставички) – 42 отсто
– Специфична храна која може да се набави само на посебни места – 35 отсто
– Нездрава храна (на пр., чипс) – 33 отсто
– Здрава, природна храна (на пример, банани) – 33 отсто
– Солена храна – 30 отсто
– Благо – 30 отсто
– Храна што вообичаено не ја сакале – 30 отсто.

Зошто се менува желбата за храна?

Универзитетот во Конектикат направи истражување кое покажува дека преференциите за храна се менуваат во различни фази од бременоста. Додека храната со горчлив и силен вкус е одбивна во првиот триместар, желбата за солена и кисела храна се зголемува во вториот и третиот триместар. Не е сосема јасно зошто преференциите се менуваат за време на бременоста, но се претпоставува дека телото копнее по посолена храна како чипс бидејќи тој е богат со натриум, кој е потребен за да се компензира зголемениот волумен на крв (до 50 отсто повеќе) што циркулира низ телото.

Извор



912

X