Сабота наутро, накратко сте застанале да ги погледнете видовите житарки на полиците во супермаркет додека вашето дете продолжува да се вцрвенува во лицето и да вреска. Го забрзувате темпото, додека неговите крици се засилуваат.

Иако никогаш не сме се сретнале, ова е всушност споделување краток, универзален родителски момент – секојдневието во навигацијата низ животот со малото дете кое има „големи“ чувства. И мене ми се случувало често тоа во јавност, па речиси секогаш реагирам со попустлива насмевка или кимање со главата. Поентата е дека „не сте сами“.

За мајката која сѐ уште е вознемирена од неодамнешен излив на бес на нејзиното дете во јавност или се подготвува за повеќе такви моменти во иднина, ова се неколку работи што би требало да ги знае во такви случаи.

Шест работи што треба да ги имате на ум кога вашето дете има излив на бес во јавност:

Земете длабок здив

Дишењето може да ја трансформира предизвикувачката ситуација. Земете длабок здив. Спуштете ги рамената. Олабавете ја вилицата. Истегнете го вратот. Освен што даваат брзо физичко олеснување, овие трикови може да ви дадат дополнителен поттик за да ги надминете чувствата на непријатност во текот на неговиот тантрум. Тоа нема да го прекине бесот, но ќе ви помогне подобро да се справите со него.

Запомнете дека големите чувства кај децата не траат толку долго

Како мајка на дете со силна волја, прифаќањето на фактот дека постои краткотрајност на емоциите кај децата ми помага да го пребродам хаосот. Мојата ќерка очигледно има силни бели дробови, но допрва треба да се утврди дали врескањето укажува на иден успех во оперското пеење. Потсетувањето на флуктуирачката природа на емоциите го претвора секој бес во уште еден родителски момент.

Никој не ја осудува ситуацијата толку строго како вие

Ние често сме си наши најлоши критичари и имаме нереални очекувања од себе, особено кога станува збор за родителството. И иако може наоколу да има некои премногу критични гледачи, повеќето луѓе ја разбираат борбата. Значи, ако се чувствувате преоптоварени поради мислењата на другите, тешете се со знаењето дека веројатно единствените натчовечки очекувања што не ги исполнувате се вашите.

Ако некој ви каже нешто грубо или непријателско, тоа е одраз на него, а не на вас

Ако некој ви упати осудувачки или груб коментар реагирајќи на бесот на вашето дете, тоа покажува каква личност е. Вие не сте одговорни за зборовите на другите или за управувањето со нивните чувства, во врска со емоционалното изразување на вашето дете. Ако дојде до точка некој да ве натера да се чувствувате непријатно или небезбедно, направете го она што ви е потребно за да обезбедите емоционална и физичка безбедност, за себе и за вашето дете.

И добро воспитаните деца имаат лоши денови

Мојата ќерка може да има умерен до плачлив излив на бес во јавност. Но, има моменти кога ќе помислите дека таа е реквизит – си седи учтиво и тивко во количката за пазарење. На сите им се случува. Следниот пат кога ќе помислите дека родителот може да се справува лесно со овие работи, потсетете се дека никој не го прави тоа целосно успешно.

Ако мислите дека сте можеле да постапите подобро во некој случај, тогаш имате можности да се обидете со повеќе тактики

Сигурно веќе сте свесни за ова, но периодот на бесот не може магично да исчезне преку ноќ. Вашето дете ќе ви даде повеќе шанси да имплементирате различни одговори и техники за интервенција.

Така, на мајката што го турка своето дете кое вреска низ преполниот трговски центар или се обидува да го утеши, додека чека ред во маркет, ѝ велам: Запомни дека ќе успееш. Следниот пат кога твоето малечко ќе има излив на бес во јавност, запомни го ова: Нели сите сме биле во искушение да врескаме од фрустрација кога сме биле дел од бескрајната редица во супермаркетите?

Автор: Ешли Рос

Извор



912

X