Природно е детето тешко да се справува со поразот, но за да не биде така, треба да се поработи на тоа. Експертите тврдат дека ако детето не се соочи со овој пораз, тоа прераснува во фрустрирана личност без пријатели, бидејќи во секој гледа противник кој треба да го победи.

Психолозите советуваат родителите уште од најраните денови да им помагаат на децата да научат да играат, да се дружат и да учат со прифаќање на успесите и неуспесите.

Ако забележите дека детето плаче и се лути кога го победувате на карти или во некоја друга игра, не попуштајте му. Најлошото нешто што можете да го направите е да изгубите намерно следниот пат за да му угодите. Така тоа ќе навикне да победува, а не е реално секогаш да победува само во животот. Затоа, кога ќе биде поразено од другарите, тешко ќе го поднесе тоа. Ќе се брани со солзи или гнев. Објаснете му на детето дека е во ред да биде тажно затоа што изгубило, но да не страда и да ги повредува другите поради тоа.

Предлогот на експертите е да се користат неконкурентни игри за да му се покаже дека е добро да се биде тимски играч и да не се размислува само за себе. Додека ја фрлате топката, објаснете дека поентата е секој да се потруди да фрли и фати, да ја разубави играта, а тоа значи добар тим.

Речете му на детето дека не е важно дали победува или губи, туку да игра, како и тоа дека треба да работи напорно за да ја совлада вештината. Важно е секогаш да го прашувате детето дали добро се забавувало надвор, а не дали ги победило другарите. И, не заборавајте да го пофалите и во поразот и во победата.

Извор



912

X