„Let’s Dance“ – хитот на Дејвид Боуви оваа година наполни 40 години и се чини дека годишнината од песната може да биде соодветен повик за бремените жени да танцуваат. Причината за ваквиот повик е веста дека кинески лекари и научници заклучиле оти пренаталната вежба – а особено танцувањето – може да помогне во ублажувањето на постпородилната депресија.

„Помеѓу различните видови вежби, танцувањето имаше најголем интервентен ефект“, велат истражувачите.

Сепак, советот е да не танцувате сами откако ќе ги облечете чевлите за танцување.

Истражувачите откриле дека пренаталното групно или тимско вежбање е исто така ефикасно во ублажувањето на постпородилната депресија. Состојбата на постпородилна депресија може да биде „значајна закана за јавното здравје“, велат истражувачите, проценувајќи дека 90 отсто од заболените не добиваат третман за постпородилна депресија, која, иако процените варираат во зависност од земјата, може да влијае врз шест од десет жени откако ќе родат.

Три или четири циклуси на вежбање неделно, вкупно до 150 минути, се чини дека се вистинскиот начин да се спречи ова, сугерираат истражувачите, со препорачани „умерени“ нивоа на интензитет. Наодите, опишани како метаанализа на речиси 3.000 жени и вкупно 26 студии, биле објавени во медицинското списание „PLOS“ и се засновани на работа на стручен тим од кинескиот универзитет за геонауки во Вухан.

Извор



912

X