Петгодишно девојче сака да се искачи на највисокиот врв во Северна Африка откако ги освои трите највисоки врва во Англија, Шкотска и Велс.

Минатата година Серен Прајс станала најмладата личност што учествувала во британскиот предизвик „Три врва во 48 часа“. Но, малата алпинистка не застанува тука, па сега со нејзиниот 44-годишен татко Глин, искусен планинар, планира да го освои врвот Тубкал во Мароко на планините Атлас, највисоката точка во Северна Африка.

Нејзината планинарска кариера започнала на тригодишна возраст, кога се искачила на три врва во Велс, на патека долга 17 километри, јавуваат британските медиуми. Највисоката точка на Англија, Шкотска и Велс – патека долга 23 километри, ја поминала кога наполнила пет години, а омилен дел од тој потфат ѝ биле погледите и престојот со нејзиниот татко алпинист.

Кога ќе порасне, Серен сака да биде рок-ѕвезда и доктор. Таа веќе ја започнала својата медицинска кариера за време на искачувањето на Бен Невис, највисокиот врв во Шкотска, кога го предупредила нејзиниот татко дека мора да ѝ помогнат на исцрпена алпинистка. Тие ја повикале службата за спасување на планина и ѝ помогнале на алпинистката да стигне до локација каде што хеликоптер можел да ја земе.

Извор



912

X