Кога ќе ве прашаат што најмногу сакате во животот, постои голема веројатност да кажете – моите деца, би умрел за нив. Но, понекогаш животот ви дели сосема поинакви и нималку фер карти…

Воопшто не мораме да зборуваме или да дискутираме што е најтешко за родителот. Губењето на детето е нешто што родителот никогаш не го надминува. И овие мали суштества, дури и кога знаат дека нивното време на земјата било кратко, можат да нè научат многу работи. Толку многу што се срамиме да се грижиме за што било друго.

Американскиот педијатар Аластер Мекалпин на некои од своите терминално болни пациенти им дал необична и тешка задача. Сепак, тие го направиле тоа како возрасни, а тоа што му го кажале може да послужи како инспирација за сите.

„Децата можат да бидат толку мудри, знаете“, напишал овој доктор на својот твитер-профил. Следуваат серија животни совети кои ќе ве натераат да сакате да бидете подобра личност, без разлика колку години имате. Но, прво, вреди да се открие што НЕ им било важно на овие деца.

„НИКОЈ не рече дека сака да гледа повеќе телевизија. НИКОЈ не рече дека требало да поминува повеќе време на Фејсбук. НИКОЈ не рече дека уживал да се расправа со другите. НИКОЈ не уживал да биде во болница“, напишал Мекалпин. Многу деца зборувале за луѓето и животните што ќе им недостигаат кога ќе ги нема.

„Го сакам Руф“, рекло едно дете за своето куче. „Неговото смешно лаење ме тера да се смеам“.

„Ми се допаѓа кога Џини ќе се стутка до мене и преде“, рекло друго дете мислејќи на својата мачка. Многу деца изразиле загриженост за нивните родители и дали тие ќе бидат добро кога нив ќе ги нема. „Се надевам дека мама ќе биде добро. Изгледа тажна.“

„Тато не смее да се грижи. Наскоро повторно ќе ме видат.“

„Господ ќе се грижи за моите родители кога ќе ме нема.“

Има некои работи што може да се каже дека ги сакале сите деца, а тоа се сладолед и приказни. „Сите сакаа сладолед и сите сакаа книги или да им се раскажуваат приказни, особено од страна на нивните родители“, напишал Мекалпајн. Исто така, повеќето рекле дека посакуваат да потрошат помалку време и енергија на грижата за тоа што другите мислат за нив. Исто така, многумина сфатиле дека луѓето кои ве третираат поинаку од површни причини, како вашата коса или лузната од операцијата, не се достојни за внимание или грижа.

„На моите вистински пријатели не им беше грижа што ја изгубив целата коса.“

„Џејн не ја ни забележа лузната по операцијата.“

Она што им било важно на овие деца е да се забавуваат, да бидат љубезни и да имаат смисла за хумор. Овие деца сакале да пливаат и да играат на плажа, а особено ги ценеле другите кои биле љубезни кон нив. „Ми се допаѓа кога оваа пријателска медицинска сестра е тука“, рекол еден пациент. „Таа е нежна. И помалку боли“.

„Мојата баба е многу фина кога е со мене. Секогаш се смеам со неа.“

„Џон ми даде половина од својот сендвич кога не го сакав мојот. Тоа беше убаво.“

На сите деца им биле мили луѓето што ги насмеале. „Тој магионичар беше толку будалест! Панталоните му паднаа и не можев да престанам да се смеам!“

„Татко ми прави смешни гримаси и тоа ми се допаѓа.“

„Момчето во соседниот кревет прдна! Хахаха!“

Но, пред сѐ и без исклучок, овие деца ги ценеле своите семејства и ги обожавале своите омилени играчки.

„Сите го ценеле времето поминато со своето семејство“, рекол Мекалпајн, додавајќи дека ништо не им е поважно. „Мама и тато се најдобри!“

„Сестра ми секогаш многу ме гушка.“

„Никој не ме сака како мама.“

Можеме да научиме многу од овие деца – и неверојатно е колку лесно и едноставно би било всушност да се вклучат нивните лекции во нашите животи. Еве седум работи во кои би можеле да ја сумираме целата мудрост:

-Бидете љубезни. Прочитајте повеќе книги. Поминете време со вашето семејство. Правете шеги. Одете на плажа. Прегрнете го вашето куче. Кажете му на некој посебен дека го сакате. И, да, тука е и сладоледот. Но, тоа не треба да го нагласуваме. Не е толку тешко, нели?

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X