Приврзаноста најлесно може да се опише како одреден тип емоционална поврзаност, а кај децата најчесто е поврзаност со нивните родители. Нарушување во приврзаноста е состојба која во повеќето случаи се дијагностицира во раното детство, најмногу до петгодишна возраст. Како што објаснуваат психолозите, постојат два типа вакво нарушување кај децата, реактивно нарушување во приврзаноста и дезинхибирано нарушување во приврзаноста.

Иако причините за ова нарушување можат да бидат различни, поради што понекогаш е исклучително тешко да се препознаат навреме, во повеќето случаи тие се јавуваат кога детето е запоставено или едноставно не добива доволно љубов од родителите, која мора да ја добива додека е малечко.

Нарушувањата во приврзаноста не се секогаш лесни за препознавање поради нивните специфичните симптоми, особено кога станува збор за мало дете, но некои од знаците се:

-проблеми при изразување лутина
-недостиг на контакт со очите
-барање наклонетост од странци
-тешкотии при контролирање на емоциите или однесувањето
-недостиг на наклонетост кон родителите.

Извор



912

X