Кога сите мои деца ги достигнаа своите тинејџерски години, некако се почувствував најосамена. Мојот секојдневен живот премина од менаџирање на сите нивни секојдневни активности, попладневни часови исполнети со домашни задачи, оброци и приказни за она што се случувало на училиште, до многу мирно време кое го поминувам сама со моите мисли. Ах, колку сето тоа ми недостига.

Кога мојот живот првпат се смени, не знаев што да правам. Поголемиот дел од моето време го двоев за моите деца, затоа што им требав додека растеа. Потоа им требав сѐ помалку, едвај беа дома и времето додека беа овде, го поминуваа во своите соби. Оставија огромна празнина.

Ми требаше малку време за да се приспособам на овој нов начин на живеење, но почнав да гледам на тоа и во малку позитивно светло. Да, ми недостигаа и бев носталгична за нивното детство. Но, има некои добри вести во оваа фаза на родителство: конечно можев да заспијам. Можам да станам рано и да одам во фитнес-сала. Не морам да се грижам дали децата ќе станат, да ги пакувам оброците и да се погрижам да го стигнат автобусот навреме, бидејќи сега можат самите да стигнат до училиште. Конечно можам да читам книга од почеток до крај без да ме прекине некое од децата. Успеав да ја остварам мојата кариера од соништата и да го напишам мојот прв роман. Почнав повторно да плетам и сега правам шалови, капи и џемпери. Понекогаш танцувам на музика од 90-тите и скокам на каучот.

И по ѓаволите, имам што да кажам за тоа, затоа што долго чекав ваков ментален простор за себе. Времето ми дозволи повторно да откријам која сум. Тоа ми донесе радост и мир.

Моите тинејџери забележаа дека имам живот настрана од нив и нивните случувања и тие се горди на мене. Сакаат кога не се грижат за мене. Ме гледаат како пробувам нови работи и развивам делови од мојата личност кои се посебни од мојата улога како нивна мајка. Им покажувам дека животот продолжува и може да биде прекрасен, дури и откако децата ќе пораснат.

Кога бев помлада, знаев дека сакам да се омажам, да купам куќа и да имам деца. Имав одредена временска рамка за тоа како сакав да се одвиваат работите во мојот живот. Нема ден да не се разбудам и да не почувствувам огромна благодарност што сето тоа ми се случи и оствари, дури и со сите удари и кривини низ кои поминав.

Но, јас не ја планирав сегашнава фаза. Никој не зборува за празнината што може да дојде кога вашите деца ќе станат тинејџери. Чувствувате дека најчесто ги нема и почнувате едвај да ги препознавате.

Секако, можеби малку размислуваме за тоа кога животот е крајно хаотичен, па едвај добиваме малку сон и можеби посакуваме побрзо да пораснат за да имаме време да размислиме правилно и да не се чувствуваме како да сме развлечени во неколку насоки одеднаш.

Но, потоа тоа и се случува, нивните повозрасни години пристигнуваат. Сигурно има период на жалост, и дефинитивно поминував одредено време сожалувајќи се себеси затоа што не знаев кој би бил следниот чекор. Потоа сфатив: тинејџерството беше совршено време да се откријам себеси, да пробам работи што отсекогаш сум сакала да ги пробам и да сфатам што сакам да правам со оваа следна фаза од мојот живот.

Најдобриот дел е што можете да го направите тоа додека покрај вас се децата, кои живеат под вашиот покрив. Навистина извлеков поука од сето ова. Да не ја искусев осаменоста што произлегува од растењето на децата, немаше да се развијам како индивидуа.

Автор: Кејти Бингам Смит

Извор



912

X