И оваа сезона ја носи типичната летна болест. Кај децата на плажите низ Хрватска се појави инфекција позната како импетиго или слатка краста. Лекарите велат дека родителите не треба да креваат паника, иако импетиго како инфекција е многу заразно. Имено, честа е во летните месеци, но лесно се дијагностицира.

Импетиго како инфекција е предизвикано од бактериите стафилококус ауреус и пиоген стрептокок. Најчесто се јавува кај деца на возраст од 2 до 10 години. Импетиго може да се појави каде било на телото, но најчесто се појавува на лицето, рацете и на стапалата.

Една форма на импетиго предизвикува појава на плускавци (булозно импетиго) кои може да варираат по големина и да траат од неколку дена до неколку недели. Според Медицинскиот прирачник за пациенти, болеста се карактеризира со жолтеникави рани и красти со боја на мед и мали плускавци исполнети со жолта течност. Болеста е придружена со чешање и блага болка. Чешањето често доведува до екстензивно гребење, особено кај децата кои најчесто ја шират инфекцијата.

Третман

Заразената област треба да се мие со сапун и вода неколку пати на ден за да се отстранат крастите. Антибиотските масти и кремови се нанесуваат директно на мали површини на кожата. Доколку се зафатени поголеми површини или третманот со локални антибиотици е неуспешен, неопходно е да се земаат антибиотици.

Извор



912

X