
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



„Линеа негра“ е темна вертикална линија која се појавува на кожата на стомакот на трудницата, честопати наречена „ трудничка линија“. Таа се протега од папокот до гениталиите, но може да се прошири и до градите. Дали сите трудници ја добиваат линијата? Околу 80% од трудниците ќе имаат „линеа негра“, но тоа може да биде повеќе или помалку забележливА, во зависност од бојата на кожата. Жените со потемна кожа имаат тенденција да имаат поизразена ...
Експертите веруваат дека детето се раѓа со еден вид „генерализирана“ емоционална интелигенција која го одредува потенцијалот за учење емоционални одговори кои мора да се научат во текот на растот и развојот на детето. Возрасните треба да моделираат емоционално интелигентна личност. Добро познат факт е дека децата учат со набљудување на однесувањето на друга личност (модел) и последиците предизвикани од однесувањето на тој модел. Родителот секако ...
Моделот на образование во скандинавските земји постојано добива глобално признание за неговите резултати во академскиот успех, задоволството на учениците и когнитивниот развој. Па, по што се разликува од другите модели на образование? Наместо исклучиво да се дава приоритет на академските достигнувања, скандинавскиот модел се залага за холистички пристап кон учењето, со тоа што ученикот е во центарот. Нордиските училишта не прифаќаат произволни ...
Кога луѓето размислуваат за хормоните, обично мислат на машките и женските хормони тестостерон и естроген. Сепак, децата, исто како и возрасните, произведуваат многу други видови хормони кои влијаат врз речиси секој аспект од нивното физичко и ментално здравје. Како што објаснуваат педијатрите, главната задача на хормоните е да им сигнализираат на клетките и на делови од телото да извршуваат одредени работи. Овие хормони патуваат до други клетки ...
Брендирањето облека за најмладите започнало во далечната 1967 година кога Елизабет Тејлор посакала таа и нејзината ќерка да имаат идентични фустани. Модната куќа „Диор“ многу брзо ѝ ја исполнила желбата на познатата актерка. Денес, брендирана детска облека може да се најде во многу, повеќе или помалку познати или скапи бутици низ светот. Фактот што оваа облека се носи многу кратко бидејќи децата брзо ја надраснуваат не ја намалува нејзината ...
Колку е голема поврзаноста помеѓу мајката и детето, ќе видите во следното видео. Малата Гвен не зборува, па мајката пронаоѓа начини како да комуницира со своето дете и ги споделува на интернет. Иако малечката Гвен не може да зборува, таа храбро и упорно се труди да комуницира со својата мајка, особено за секојдневните потреби. Употребуваат картички на кои се нацртани зеленчуци и овошје со цел малечката да ѝ покаже на својата мајка што би сакала ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мајка сум на две деца, девојче од девет години и машко од шест години. И двете се интелигентни и донекаде послушни. Девојчето не сака многу да учи, без многу труд во училиште е солидна, но може и подобро. Четворки, петки, ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Ќерка ми има 22 месеци, а во последниве 2-3 недели почна многу да се плаши и да плаче без причина. Има период кога плаче во сон, се случува да се плаши од одредени предмети, на пр., торта со свеќички, балони, се плаши од ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Јас сум тетка на 4-годишни машки близначиња. Имаме проблем со исхраната кај едно од нив. Проблемот е што јаде еднолична храна и тоа само неколку јадења: леб, тестенини, јогурт, палента, пица само со кашкавал и кечап. ...
Тоа што Роберт де Ниро неодамна стана татко на 80-годишна возраст или што Ал Пачино очекува бебе на 84-годишна возраст очигледно нема многу голема важност за нашите животи, освен во секторот на озборувањето. Но, иако меѓу нас и Де Ниро или Пачино има дистанца од седум илјади километри и разлика од 120 милиони долари на жиро-сметката, сепак, вестите и реакциите за нивното татковство укажуваат на универзалната и заедничка болка на сите жени, ...
Психотерапевтот Ејми Морин вели дека прашањето што најчесто го слуша од родителите е: „Кои се клучните вештини на кои треба да ги учам моите деца?“ Има неколку, одговара таа, но она што најдобро ќе им помогне на децата е менталната сила. „Менталната сила бара од вас да обрнете внимание на три работи – начинот на кој размислувате, чувствувате и дејствувате“, вели таа. Морин вели дека од искуство научила оти ментално силните деца секогаш ги прават ...
Рускиот психолог Михал Лабковски е еден од најпознатите психолози на денешницата, според магазинот „Форбс“. По 30 години работа со семејства, сфатил дека однесувањето на родителите има најголемо влијание врз развојот на детето. Затоа заклучил дека само среќните родители можат да воспитаат среќно дете. „За детето да може да си постави добри цели и да ги постигне, му требаат родители кои со пример ќе му покажат како се прави тоа. Сакајте го вашето ...
Министерството за семејна грижа и демографија го подготви текстот на измените на Законот за семејство, кои наскоро ќе бидат предмет на јавна расправа, а кои предвидуваат уште посилна и поефикасна заштита на децата од насилство. Една од предложените измени се однесува на воведување забрана за физичко казнување на децата за време на чувањето и воспитувањето. Според Стратегијата за спречување и заштита на децата од насилство за периодот од 2020 до ...
Многупати ми кажале дека сум разгален и безобразен, и тоа во моменти кога мајка ми се обидувала да ми помогне. Илјадници пати сум ги слушнал како ѝ кажуваат дека треба да ме истепа. Таа не го правеше тоа. Потоа плачеше и ми се извинуваше. Мајка ми најдобро знае. Таа знае дека не сум груб, туку дека моите сетила се вкрстени и специјално комбинирани. Понекогаш се чувствувам како да имам 105, а не пет сетила. Мајка ми ме штити, но не може секогаш ...
Секој родител барем еднаш му дал ветување на детето, иако знаел дека нема да може да го исполни. И додека повременото прекршување на ветувањето не е опасно или крајно штетно, психолозите објаснуваат дека може да доведе до негативни последици ако се случува премногу често. Имено, постојат неколку работи кои можат да се случат доколку родителите стекнат навика често да ги прекршуваат ветувањата дадени на своето дете. Една од нив е губењето на ...
Една неодамнешна студија објавена во списанието „PLOS One“ открила дека изложеноста на децата на мачки и кучиња додека се во утробата на мајката или само неколку месеци по нивното раѓање е поврзана со 14 отсто помал ризик од развој на алергии подоцна во животот. Најголемата придобивка е забележана кај децата што живееле со кучиња, кои биле чувани дома, како и во семејства кои имале домашни миленици за време на развојот на фетусот и раното ...
Мајка на новороденче се зачудила кога нејзината ќерка стара три дена почнала да се однесува како да има три месеци. Видеото од бебето станало вирално и го шокира целиот свет. Однесувањето на бебето го коментирал и лекар кој објаснува што точно се случува. Саманта Мичел останала без зборови кога нејзиното новородено бебе Нила Даис Цабари почнало да ја крева главата и да се обидува да ползи само три дена по раѓањето. Саманта успеала да го сними ...
Бев на ручек со моите пријателки. Јас сум веќе неколку месеци разделена од мојот сопруг. Некогашната љубов на мојот живот, уште од студентските денови, мојот најдобар пријател и добро момче. Или барем така мислам. Го завршуваме оброкот и му ја предавам на келнерот мојата картичка за плаќање. Тој се враќа неколку моменти подоцна. „Вашата картичка беше одбиена“, вели тој. Моите пријатели љубезно ја поделија сметката. Ми велат да не се грижам. Не е ...
Мал орган кој произведува важни хормони за човечкиот метаболизам, тироидната жлезда, има силно влијание врз женската плодност и развојот на бременоста. Но, мајките често не се свесни за многубројните негативни последици од неправилната функција на тироидната жлезда. Токму затоа треба да се едуцираат и информираат за да го заштитат своето здравје, како и правилниот развој на плодот за време на бременоста, предупредуваат експертите. – Трудниците и ...
Моментално една од најистражуваните теми во психологијата во моментов е хеликоптер-родителството. Во основа, истражувањата покажуваат дека овој стил на родителство е една од најлошите работи што може да му ги направите на вашето дете. Авторката Џули Литкот-Хејмс вели дека во текот на нејзиниот престој на Универзитетот „Стенфорд“ забележала дека студентите што постигнале најдобри академски резултати секогаш биле оние што растеле со поголема ...
Децата се среќни поради нештата кои многумина од нас ги земаат здраво за готово – љубовта на нивното семејство и безбедното место кое може да го наречат дом. Минатото лето Мелори Елис се нашла во незавидна ситуација. Нејзиниот сопруг тешко се разболел и завршил во болница, поради што неколку месеци не можел да работи. Неговиот живот висел на конец, а тоа им нанело огромен емоционален и финансиски притисок на Мелори и нејзините два сина. За ...
Никола Јокиќ можеби освои НБА-титула, можеби е и најкорисен играч (МВП), но шоуто го украде Огњена. Ќерката на најдобриот кошаркар на светот е родена во септември 2021 година, а веќе одреден период постојано оди на натпреварите на татко ѝ со мајка ѝ Наталија. Ја видовме со јакна на која имаше број 15 над кој пишуваше „тата“, имаше и сјајни детали на патиките, а ѝ направиле и мал дрес од Денвер. Сега дојде и до НБА и МВП-трофеите. НБА-лигата ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мојата 4,5-годишна ќерка постојано ми дава отпор околу облекувањето. Сака сама да одбере што ќе облече. На почетокот се противев, но подоцна сфатив дека само полошо правам. Ја оставам сама да одбере, но и покрај полн плакар ...
Анемијата предизвикана од дефицит на железо, позната и во медицинските кругови како сидеропенична анемија, се јавува кај возрасни и кај деца. Најново истражување открива дека дури 40 отсто од децата со овој тип анемија се на предучилишна возраст. Како што објаснуваат педијатрите, овој вид анемија се јавува главно поради намален внес на железо во исхраната, нарушување на апсорпцијата на железо во дигестивниот тракт или зголемена загуба на крв. ...
Некогаш се мислеше дека карактеристичното движење на сперматозоидите служи за заобиколување на вагиналните бариери при нивниот пат до Фалопиевата туба. Денес е познато дека тоа не е точно: во моментот на овулација кај секоја жена се активира природен механизам за вшмукување, со чија помош грлото на матката го носи сиот материјал што ќе се најде зад вагиналата преграда нагоре. Овој механизам ја носи машката сперма користејќи простагландини. ...
Сосема случајно сфатив зошто е многу важно детето да има свое цвеќе за да го негува. Сега сигурно ќе помислите дека ова е приказна за одговорност, независност, обврски. Но, не е. Ова е приказна за емоциите што ги чуваме во себе. Нема потреба да пишувам и да кажам дека 3 мај како датум промени сè во Белград, во Србија. И тоа не на неколку дена или месеци, туку на многу, многу подолго. Стравот навлезе во секоја пора на општеството, а и малата ...
Кристијан поседува огромен талент за свирење на пијано. Но, неговата срамежливост го спречува да настапува пред поголема публика. Така, додека чека со својот татко на аеродромот во Женева, татко му упорно се обидува да го убеди да свири на пијаното кое е поставено во ресторанот каде што поминуваат време додека го чекаат летот. По долго убедување Кристијан прифаќа и седнува на пијаното. Прва реакција има од келнерката, која се воодушевува од ...
Без разлика дали вашето дете сака да биде суперхерој или доктор, страшен лав или принцеза во магичен замок, постојат бескрајни придобивки од играњето. Еве зошто имагинативната игра е толку важна за целокупниот развој на вашето дете, плус некои одлични начини да ги натерате вашите деца да размислуваат малку поразлично. Што претставува имагинативната игра? Имагинативната игра во суштина е форма на измислено верување каде што децата можат да ...
Сакате бебе, но тешко ви оди забременувањето? Овие тестови и методи можат да ви помогнат со сигурност да ги одредите плодните денови и брзо да ја постигнете целта. На пазарот има голем број производи со кои можете успешно да го откриете најплодниот период од циклусот. И сите тие работат на сличен принцип како и тестовите за бременост: ја мерат концентрацијата на хормонот што се лачи непосредно пред овулацијата во урината или плунката. И она што ...
Иако понекогаш е сосема разбирливо родителите да се расправаат меѓу себе пред своите деца, психолозите предупредуваат дека честите расправии во кои е присутно дете може да резултираат со негативни последици врз неговото физичко, а особено врз менталното здравје. Имено, многу истражувања покажале дека нивото на стрес алармантно се зголемува кај децата кои се принудени често да ги гледаат и слушаат расправиите на нивните родители. Како што ...