Шефицата на педијатрија во Виноградската болница во Загреб, д-р Орјена Жаја, ги советува родителите кои летуваат на Јадранот да не ги изложуваат на сонце децата до три години во период од 11 до 17 часот. Во тоа време треба да престојуваат под дебела сенка, вели таа. Открила и дека сончевиот удар можете да го препознаете по симптомите: поспаност, грчеви или пецкање во телото, главоболка и општа летаргија.

Таа повикува на посебна претпазливост при голтање морска вода, односно ако навлезе во респираторниот тракт, што уште се нарекува „суво давење“:

„Суво давење е ситуација во која се вдишува вода, што е опасно. Она што укажува дека постои проблем е сувата кашлица, која понекогаш може да се појави 24 до 48 часа по пливањето. Може да дојде до промена на ритамот на дишење, кое станува плитко и брзо, детето може да добие бледа боја на тенот, а понекогаш се јавува и повраќање и зголемено потење. Штом се забележат неколку од наведените симптоми, потребно е да се оди на лекар“, вели таа.

Ако се прашувате дали треба да ја исплакнете солта по капењето во море, д-р Жаја има јасно мислење: „Не! Ако се работи за дете со здрава кожа, нема потреба, бидејќи морската сол има свои придобивки. Се разбира, ако детето има проблематична кожа, тогаш дерматологот ќе ви даде препорака“.

Таа, исто така, ги советува родителите никогаш да не ги пуштаат децата помлади од 10 години сами во продавница во туристички места со многу луѓе, каде што околината им е непозната. Како што вели, децата на таа возраст, дури и оние најинтелигентните, не се способни да се снајдат на вистински начин. На пример, тие можат да се изгубат затоа што се исплашени од толпата на која наидуваат.

Извор



912

X