Бебињата спознаваат многу работи и учат многу уште пред да се родат, на пример, како да голтаат, можат да цицаат прст, да реагираат на различни дразби, да го препознаат гласот на мајката, разбираат кога кон нив е насочен извор на светлина, се плашат од гласни звуци, ги чувствуваат вибрациите и допирот на стомакот, прават салто кога сакаат да се движи итн. Бебињата ги учат вештините што им се потребни во првите моменти по раѓањето, а истражувањата покажуваат дека учат и да плачат.

Во стомакот на мајката бебето е опкружено со плодова вода (амнионска течност), која го штити од вируси, бактерии, надворешни иритации и слично. На бебињата им е удобно и убаво во утробата на мајката, но зошто плачат?

Сепак, плачењето не подразбира само солзи. Тие ќе се појават кај бебето по раѓањето. Сликите на ултразвук покажуваат дека бебето дава јасни знаци на плачење дури и без солзи: се мурти и прави карактеристична гримаса, ја отвора устата и ја грчи брадата, грчовито воздивнува и застанува додека издишува, како да се смирува…

Научниците измислиле посебен термин за оваа појава – „неонатален плач“. Се разликува од плачењето кое доаѓа по раѓањето по тоа што бебето сè уште не знае да испушта звуци. Патем, во еден случај, студијата покажала дека детето почнало да плаче во моментот кога почнало породувањето – ова било неговата реакција на почетокот на контракциите и непријатноста поврзана со нив.

Плачењето е многу важна вештина за бебињата. За плачење потребни се неколку телесни системи кои ќе работат непречено во исто време. Впрочем, и мускулите и дишењето се вклучени во плачењето. Затоа, плачењето е важна пресвртница во развојот на фетусот. Оваа способност значи дека неговиот мозок, нервниот систем работат и се развиваат правилно, без отстапување.

„Плачењето е механизам за преживување во буквална смисла на зборот. Гарантира дека детето ќе може јасно да покаже дека е болно, дека му е непријатно, дека му треба помош“, велат научниците.

Бебето го совладува плачењето како вештина веќе во 20-тата недела од интраутериниот развој. Во овој момент, тоа веќе знае како да ги координира респираторните движења, да ја движи вилицата, да ја тресе брадата, да го извади јазикот и да голта. Уште еден знак е и тоа дека предвремено родените бебиња знаат да плачат. Дури и бебињата родени во 24. недела, веќе можат да испуштаат соодветни звуци и да реагираат на бучавата од околината.

Мајката не може да го почувствува детскиот плач во утробата, за разлика од икањето на бебето. Тоа може да се види само на ултразвук, но веројатноста дека ќе успеете да го посведочите овој момент е мала.

Извор



912

X