Како родители, секогаш се трудиме да одгледуваме среќно и мирно семејство. Но, тоа не е лесна задача поради големите обврски. Потребно е многу вежбање и трпение.

Ниту еден родител не е совршен. Она што е важно е да се стремиме да бидеме подобри додека минуваме низ животот и ги учиме животните лекции. Еве неколку едноставни совети кои можете да ги примените за да станете посреќен родител.

-Бидете задоволни со тоа што го имате. Ако мислите дека среќата е на друго место, заборавете на тоа. Среќата е тука – само треба да ја препознаете.

-Не завидувајте им на пријателите што имаат повеќе во животот, бидејќи тоа само ќе ве фрли во очај. Наместо тоа, погледнете околу себе и во вашето семејство – и ќе видите дека имате повеќе од доволно!

-Не бидете материјалисти. Истражувањата покажале дека спротивно на среќата што ја ветуваат – желбата за материјални работи всушност предизвикува депресија, ниска самодоверба и прави личноста да се чувствува помалку поврзана. Наместо тоа, бидете благодарни за она што го имате во моментов.

Дали знаевте дека чувството на радост и задоволство не е поврзано со пари? Повеќе доаѓа од воспоставувањето хармоничен однос со вашето семејство, пријателите и од извршувањето на активностите што најмногу ги сакате.

-Ослободете се од стравот. Ова е еден негативен став што спречил многу луѓе во постигнувањето успех. Тие повеќе се занимаваат со својот страв отколку со нивните цели и на крајот не го достигнуваат својот целосен потенцијал.

-Конечно, направете го она што мислите дека е правилно за вас и вашето семејство. Не слушајте што зборуваат и мислат луѓето за вас.

Извор



912

X