Поради најавените високи температури од портокалова фаза, Владата усвои препораки и одлуки за намалување на ризиците од високите температури.

Така, Владата препорачува најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, да бидат ослободени од работни обврски и во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Владата му препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата одлучи и сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници.

Исто така, градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7 до 17 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.



912

X