Иако кога бевме деца поголемиот дел од летото го поминувавме со нашите баби и дедовци, стилот на воспитување денес е променет. Тоа најдобро го докажува дискусијата што се одржа на „Редит“ откако еден корисник опишал ситуација од негова околина.

„Бабите и дедовците живеат покрај море. Кога завршува училиштето, внукот останува со нив цело лето, додека разведените родители одат на годишен одмор на море и во странство со новиот партнер, без детето. И така со години. Ги носите ли вие вашите деца на годишен одмор или одмарате без нив? Зарем не би било логично да го земат малечкото од кај бабите и дедовците и да го поведат со себе? И потоа пак да го вратат кај баба и дедо кога ќе им заврши одморот? Дали ова може да се нарече родителство?“, се прашува тој.

Многумина се приклучиле на дискусијата. Додека некои веруваат дека практиката на овие родители може да се сфати како запоставување на детето, други не гледаат ништо лошо во тоа бидејќи како деца и тие самите ги поминувале распустите со своите баби и дедовци, или на село или на море.

„Ако родителите не се грижат толку многу, тогаш на детето му е подобро да биде со некој што му дава љубов. На некој начин е подобро кога луѓето признаваат дека им е доста од родителството, па детето е со некој што се грижи наместо да се чувствува непожелно“, коментирал еден од корисниците.

„Буквално најмногу уживав во лето со баба ми и дедо ми. Нема родители, играв карти со нив навечер, го гледав Џејмс Бонд со дедо ми, а и бев на море по цел ден. Без грижи, без проблеми. Посакувам да се вратам на тоа време“, се присетил друг корисник.

„Најдобар период од мојот живот беше кога ги поминував празниците со баба ми и дедо ми. Плачев кога требаше да си одам дома“, продолжил третиот.

„Не можев да го дочекам летото за да не ги видам родителите три месеци. Градевме колиби во шумата, ловевме риби во потоците, се обидовме да фатиме фазани со лак и стрела, а кога го најдовме стариот „томос“, го доведовме во ред и се возевме низ селото. Сѐ би дал да можам повторно да живеам така барем една недела годишно“, се согласил четвртиот.

Кое е вашето мислење?

Извор



912

X