Диететичарката Џенифер Андерсон најчесто од родителите го добива прашањето – како да препознаат дали нивните деца ги добиваат сите хранливи материи што им се потребни.

„Жална вистина е дека многу деца не добиваат соодветни количини на хранливи материи кои се од витално значење за растот, превенцијата од хронични болести и целокупното здравје“, пишува Андерсон.

Децата имаат проблеми со внесот на растителни влакна и калиум, но хранливата состојка која најчесто не ја внесуваат доволно е витаминот Д.

Како влијае недостигот на витамин Д врз здравјето на децата?

50% од децата на возраст од 1 до 5 години и 70% од децата на возраст од 6 до 11 години имаат недостиг на витамин Д, вели таа. Витаминот Д е неопходен за силни коски и мускули. Без него, нашето тело не може ефикасно да го апсорбира калциумот, а тој ни е потребен за здрави коски.

„Детето со тежок недостиг на витамин Д може да има рахитис (нарушување кое се карактеризира со меки, слаби коски) и сродни состојби, вклучувајќи абнормален раст, болки во коските и деформитети во зглобовите. Кога детето нема доволно витамин Д, неговиот имунолошки систем може да не работи правилно или може постојано да биде уморно или да има болки“, објаснува таа.

Како да се зголеми нивото на витамин Д кај децата?

Има дебата за тоа колкави количини витамин Д им се потребни на децата за дневна консумација. Американскиот национален институт за здравје препорачува 400 меѓународни единици (IU) за доенчиња и 600 IU за деца на возраст од 1 до 13 години. Самото изложување на сонце не може да ги исполни овие барања. Затоа понекогаш е неопходно да се зголеми нивото на витамин Д со избирање на вистинската храна.

Витаминот Д ќе го најдете во масната риба како лосос, пастрмка или сардини, во говедски црн дроб, жолчки од јајце, во сирењето и печурките. Млекото (кравјо или растително), јогуртот, сокот од портокал и некои житарици може да се богати со витамин Д.

Друга опција се додатоците во исхраната. Многу здравствени организации препорачуваат течни додатоци во исхраната за доенчињата бидејќи само млекото не обезбедува доволно витамин Д.

Бидете свесни дека големите дози витамин Д може да бидат токсични и да доведат до негативни здравствени ефекти. За постарите деца, разговарајте со вашиот лекар за тоа дали има смисла да земаат додатоци.

Извор



912

X