Со почетокот на летниот распуст родителите се пред уште една дилема: што да правам за моето дете да не поминува часови пред екраните, во отсуство на алтернативни активности за пополнување на времето?

Денес, дури и ако излезат надвор, децата седнуваат на клупа и ги вклучуваат телефоните. Во дигиталната ера, колку и да сте добар пример за детето, тешко е да се избега од силното влијание на групата врсници.

Најдоброто решение за распуст без екрани е селото. Она вистинското село. Местото каде што дедо храни кокошки, а баба ги наводнува пиперките. Место каде што наутро детето оди во кокошарникот да земе јајце и во градината по домати за појадок. Уште и ако има друштво, честитки, го најдовте идеалното решение за детство какво што му треба на вашето дете. Барем за време на распустот.

За оние што немаат среќа да го испратат своето дете на село, постојат летни кампови. Решение кое е добра алтернатива, под услов да изберете сигурно место каде што детето ќе биде безбедно, во друштво со други деца и каде што ќе се забавува и ќе поминува многу време во активности на отворено.

Еве на што треба да внимавате при изборот на летен камп на кој ќе го испратите вашето дете.

Кој ќе работи со децата?

Ако сте решиле да му обезбедите на вашето дете престој во летен камп една-две недели или повеќе, важно е да знаете кој ќе работи со него. Секогаш прашувајте какво знаење, квалификации и искуство имаат луѓето што ќе поминуваат време со вашето дете.

Какви активности ќе бидат организирани?

Самиот збор камп е поврзан со тоа да се биде во природа. Но, тоа не е секогаш случај. Барајте од организаторот да ги претстави активностите, да објасни кој дел од времето децата ќе го поминат во игра, како и дали се планира играта да биде делумно слободна и делумно структурирана, за да може детето да има забава и учење во исто време.

Дали е организиран превоз?

Доколку живеете во еден дел од градот, а летниот камп чија програма навистина ви се допаѓа за вашето дете е во друг град или држава, пред да се откажете прашајте дали е организиран превоз за децата од дома до кампот и назад.

Колку деца ќе има во групата?

Сигурно не сакате уште дваесет други деца во групата каде што престојува вашето дете, освен ако не се грижат за нив неколку возрасни. Важно е да знаете со колку деца ќе работи едно лице бидејќи тоа во голема мера влијае врз квалитетот на времето што вашето дете ќе го помине во кампот, но пред сѐ на безбедноста.

Некои од активностите на кампот се: пеење песни, играње групни игри, креативни работилници за цртање, боење, склопување предмети од картон и разни други материјали, изработка на сопствена театарска претстава во која децата ќе глумат, скулптура, часови по гимнастика со фитнес-тренер, часови по пливање и готвење.

Извор



912

X