Кога станува збор за аутизмот, секој мал напредок е навистина посебен.

Една мајка на платформата „Редит“ споделила еден од најубавите моменти во нејзиниот живот. Имено, како што вели таа, на видеото може да се види како нејзиниот четиригодишен син, кој има аутизам, првпат во животот ја нарекува „мама“.

Трогателен момент, но уште потрогателна е реакцијата на мајката на аутистичното момче, која ги разнежи луѓето на социјалните мрежи, па не е изненадување што видеото за кратко време стана хит.

First time hearing ” Mama “
by u/dante8447 in MadeMeSmile

„Ова е најубавото нешто што сум го видел на интернет во последно време. Вистинска љубов“, „Само луѓето што имаат деца со аутизам можат да разберат зошто овој момент е толку посебен“, „Ова буквално ме расплака“, се дел од коментарите на луѓето што го виделе видеото.

Извор



912

X