Тајлер Сатон, полицаец од Масачусетс, САД, е уништен по смртта на неговата сопруга. Аријана Сатон си го одзела животот по девет дена откако родила близнаци.

Уште по раѓањето на првото дете, пред четири години, Аријана доживеала постпородилна депресија. Поради ова, Тајлер бил нервозен и претпазлив, но и оптимист.

„Да се ​​биде мајка ѝ беше омилена работа, па мислев дека е доволна само претпазливостa“, изјавил тој.

И покрај тоа што секоја недела одела на психолог и имала план, 36-годишната мајка решила да му стави крај на својот живот. За поддршка на семејството се покренала кампања за групно финансирање, која за еден месец собрала речиси 350.000 евра.

„За жал, предвременото раѓање на близнаците Еверли Ајрин Сатон и Роуан Стивен Сатон донесе непредвидени предизвици и нанесе огромен притисок врз менталното здравје на Аријана“, се вели во описот на кампањата. „И покрај нејзините напори да побара помош, товарот на постпородилната депресија стана преголем“.

Немало знаци дека нешто не е во ред

Тајлер се сеќава дека и двајцата биле возбудени поради раѓањето на близнаците.

„Немаше знаци дека нешто не е во ред. Постојано се шегуваше со отечените зглобови и рече дека едвај чека да се напие голема шолја кафе. Не ни сонував дека ова може да се случи“, изјавил тој.

Кога Аријана се породила, нејзините бебиња биле однесени на одделот за неонатална интензивна нега и нејзиниот сопруг не можел да дојде до неа. Сега тој ги повикува другите да внимаваат на знаците на постпородилната депресија и психоза. Тој се сеќава дека по раѓањето на нејзиното прво дете, Аријана развила гранична опсесија со чистотата и снабдувањето со вода.

„Таа беше загрижена дека има загадувачи во нашата вода и постојано се јавуваше во градското водоводно претпријатие за да разговара со нив. Дури и откако ја уверија дека сѐ е во ред, таа не можеше да се опушти“, вели Тајлер, кој зел слободни денови од работа за да ја чува својата сопруга. Тоа само ја влошило ситуацијата.

„Лежеше в кревет и плачеше затоа што чувствуваше дека правам сè за неа и дека е лоша мајка“, истакнал Тајлер.

На крајот му се пожалила на „гласот“ во главата кој ѝ кажува дека сè е нејзина вина.

„Очигледно не можеше да слушне ништо друго освен тој глас“, заклучил повредениот сопруг.

Извор



912

X