Протеините обезбедуваат важни есенцијални аминокиселини кои придонесуваат за менталното и физичкото здравје на детето. Како што предупредуваат педијатрите, доколку детето не внесува доволно протеини, тоа може да доведе до посериозни несакани ефекти. Всушност, овој суштински макронутриент е толку важен за децата што влијае врз секој дел од нивното тело.

Но, како да препознаете дека на детето му недостигаат протеини? Експертите тврдат дека постојат неколку знаци кои јасно укажуваат оти детето не внесува доволно протеини преку секојдневната исхрана, односно од храната што ја консумира. Тие се:

-бавен раст
-слаб имунитет
-проблеми со концентрацијата
-болки во коските или зглобовите
-глад
-чувство на постојан замор
-бавно зараснување на раните
-намален развој на мускулите
-кршливи нокти
-губење на косата.

Иако овие симптоми не треба веднаш да значат дека детето има проблеми со недоволно внесување протеини, педијатрите предупредуваат дека родителите треба да ги однесат на лекар, кој потоа ќе утврди зошто се случуваат споменатите појави.

Извор



912

X