Без разлика на која возраст се, обезбедувањето здрав и брз појадок за вашите деца може да биде вистински предизвик. Утрата со децата се секогаш хаотични, понекогаш стресни, а тоа го знаат и педијатрите.

Кога нејзините деца биле мали, педијатарот Дениел Грант се борела со нивната пребирливост. Што и да подготвела, на никој од тројцата не им се допаѓало понуденото. Со текот на времето таа научила да ги задоволува сите. Што им даваат на своите деца за појадок педијатрите?

Сендвич со јајца

Д-р Кристина Џонс има деца на возраст од 15 и 18 години кои претпочитаат топол појадок, па најчесто им послужува сендвичи со јајца и сирење. Таа, исто така, ги поттикнува децата да додаваат други хранливи состојки во сендвичите, како авокадо или салата.

„Навистина се залагам за сендвич со јајца бидејќи тоа е оброк кој содржи протеини, млечни производи, влакна и јаглехидрати и може да се комбинира со други состојки“, вели д-р Џонс.

Овошје

Д-р Џонс на децата им нуди и овошје, особено кога им се брза. Потоа им пакува банана или бобинки, кои може да ги јадат на пат до училиште.

Домашни мафини

Диететичарката Ејми Рид обично подготвува домашни мафини за децата, кои ги прави од пасирана тиква, банана, праска, јаболка или морков. Таа вели дека наместо бело брашно, користи интегрално брашно.

Остатоци од вечерата

Педијатарот Шели Вазири вели дека нема срам ако се јадат остатоци за појадок. На пример, нејзините деца сакаат кога наутро им се сервираат шпагети со ќофтиња.

„Мене тоа ми звучи ужасно, но на ќерка ми не ѝ пречи подгреаното пилешко и ориз од вечерата“, вели таа.

Протеинско смути

За нејзините деца да добијат доволно протеини, Рид понекогаш им прави смути со јагоди, сок од лимон, грчки јогурт, малку млеко и протеински прав. Знае да додаде некое друго овошје или свежа краставица.

Некои други идеи се вафли и палачинки, но не од бело брашно, туку од алтернативи од цели зрна.

Извор



912

X