Видеото на еден Малезиец кој ја фатил својата ќерка во кражба станало вирално. Имено, таткото Ерван сфатил дека му недостигаат приближно 300 евра. По пребарувањето, во чантата на неговата шестгодишна ќерка ги пронашол банкнотите што недостигале, па решил да открие зошто таа го направила тоа.

На видеото објавено на „Тик-ток“ се гледа како малото девојче признава дека ги зело парите за да им помогне на пријателите на кои им била потребна помош.

„Им треба помош, тато“, му вели малото девојче на својот татко.

@wanisckt

Bertuah punya anak

♬ bunyi asal – WANIS CHARKETEOW PENANG

Ерван изјавил дека во чантата на неговата ќерка пронашол 140 евра, додека остатокот таа веќе им го поделила на другарите. За тоа дознале родителите на децата што ги добиле парите од благородната девојка, па понудиле да ги вратат, но Ерван се согласил да ги задржат.

Корисниците на „Тик-ток“ го пофалиле девојчето дека има добро срце, а и нејзиниот татко за начинот на кој постапува, но исто така нагласуваат дека крадењето не е правилно.

Извор



912

X