Ако правите некоја од овие работи од листата, тоа не значи дека сте ужасен родител и дека вашето дете е осудено на живот во траума.

Тоа само значи дека треба уште малку да ги преиспитате своите постапки и да се обидете да се ставите на местото на детето и да замислите како се чувствува тоа. Запрашајте се што добивате од правењето на овие работи? За која цел ги применувате овие стратегии? Дали се во согласност со вашите цели како родител?

Значи, ако сакате да бидете родител кој има добри односи со вашите деца и ги воспитува да бидат среќни луѓе, немојте:

  • Да фаворизирате едно од вашите деца за сметка на другото (или другите).
  • Да ​​кажете: „Изгледа дека сум најлошата мајка на светот!“ тогаш кога вашето дете ќе се пожали дека сте го повредиле.
  • Да одбивате да се извините кога ќе направите грешка бидејќи вие сте родител и не сте должни да го правите тоа.
  • Да им викате на децата штом ќе се вратите од работа.
  • Да го игнорирате семејството и одбивате да разговарате со децата кога сте лути.
  • Да ги будите децата секое утро викајќи по нив.
  • Да очекувате сите во куќата да ви угодуваат кога сте нерасположени.
  • Да не ги штитите децата од лошото однесување на другиот родител, доколку сте сведоци на тоа.
  • Да зависите од емоционалната поддршка на детето и да го претворате во ваш емотивен партнер.
  • Лошо да се однесувате со детето затоа што „животот не е фер“ и „треба да биде подготвено за тоа“.
  • Да гледате на детето како продолжение на вашата личност и да сметате дека сѐ што прави кажува нешто за вас.
  • Да очекувате благодарност од детето затоа што сте му дале дом и сте го нахраниле. Тоа е вашата работа.

Извор



912

X