Кога детето ќе се разболи, може да биде крајно вознемирувачко неговото кашлање. Иако не мора да биде опасно, доколку се појават некои други симптоми заедно со кашлицата, тоа може да биде знак дека родителите треба да го одведат своето малечко на лекар.

Медицинската сестра Пени, која го води профилот на „Инстаграм“ – „Sick Happens“, открива дека постојат неколку предупредувачки знаци кои родителите никогаш не треба да ги игнорираат кога нивното дете кашла.

Паузи во дишењето

Како што објаснила медицинската сестра, кога детето ќе почне да кашла со паузи помеѓу вдишувањата, може да страда од апнеа. Оваа појава се јавува кога детето речиси нема проток на воздух и се бори со издишувањето и вдишувањето, што значи дека треба да оди на лекар.

Промена на бојата на лицето

Често е нормално децата да поцрвенат во лицето за време на епизода на кашлање, објаснила медицинската сестра. Сепак, може да биде опасно ако децата станат бледи, сини или темни околу устата, усните или лицето. „Ако забележите дека вашето дете, заедно со промената на бојата на лицето, станало летаргично или не реагира за време на епизодите на кашлање, јавете се на итна помош“, вели Пени.

Скратен здив

Друг сериозен симптом на кој треба да се обрне внимание е кога детето има тешкотии да дојде до здив. Ако тоа се случи, децата може да страдаат од блокада на дишните патишта, што може да биде сериозно и да бара итна медицинска помош, предупредила медицинската сестра.

Висока температура

Последниот клучен симптом кој родителите не треба да го игнорираат е комбинацијата на кашлица и треска, рекла Пени. Како што објаснила таа, родителите треба веднаш да го однесат детето на лекар доколку забележат дека има температура, а попатно има и епизоди на кашлање.

Извор



912

X