Секој родител сака неговите деца да бидат среќни и успешни, а најдобар начин да се обезбеди тоа е да ги научат на ментална сила што е можно порано, според психотерапевтот Ејми Морин.

Имено, ментално силните деца имаат поголема веројатност да имаат висока самодоверба, да развиваат издржливост што им овозможува да останат позитивни среде предизвиците и да учат од своите грешки.

За да одгледаме ментално силно дете, психотерапевтот нагласува дека треба да внимаваме што зборуваме во негово присуство. Имено, одредени фрази кои често ги користиме сосема несвесно можат да направат повеќе штета отколку корист, а една од нив е „ме лутиш“.
Имено, идејата дека на нашите чувства може да влијае туѓото однесување е контрапродуктивна, вели Морин. Ова може да ги наведе децата да мислат дека не се одговорни за своите постапки и може да доведе до манипулативно однесување.

„Не сакаме децата да растат обвинувајќи ги другите луѓе, дека ги налутиле, им го уништиле денот или дека со која било постапка предизвикале да се чувствуваат лошо. Наместо тоа, треба да ги научиме децата да бидат свесни дека тие се оние што го контролираат она што го чувствуваат, мислат и како се однесуваат“, објаснува таа.

Наместо оваа фраза, психотерапевтот советува да се обидеме да користиме фрази како: „Не ми се допаѓа твоето однесување во моментов“ или „Не ми се допаѓа начинот на кој се однесуваш, еве што би можеле да направиме наместо тоа“.

Извор



912

X