Психолозите објаснуваат дека децата што пораснале со родители кои им давале безусловна љубов имаат одредени карактеристики кои ги немаат нивните врсници што не добивале таков третман. Ако детето добивало премалку љубов во своето детство, тоа остава последици врз него. Постојат некои суптилни знаци кои може да укажуваат на тоа дека нашите родители не ни давале доволно љубов кога сме биле деца.

Еден од знаците дека во детството сме добивале премалку внимание или љубов од родителите е ако постојано се плашиме да го кажеме своето мислење. Психолозите ова го нарекуваат „потреба постојано да се задоволуваат другите“. Имено, луѓето што се борат со овој проблем во детството често биле казнувани со запоставување или игнорирање кога нешто згрешиле, поради што секое несогласување со другите го сметаат за лошо.

Покрај тоа, луѓето што не биле доволно сакани како деца често се склони кон перфекционизам. Тие секогаш чувствуваат потреба да се докажат, исто како што морале да прават како деца за да бидат ценети или пофалени од нивните родители. Мислат дека ќе бидат сакани само ако се успешни, богати или популарни, објаснуваат психолозите.

А последниот знак што покажува дека личноста не добила доволно родителска љубов е поврзан со поставувањето граници. Имено, овие луѓе често не знаат да постават граници во односите со другите луѓе, најчесто со партнерите или колегите на работа. Нивниот детски страв од несогласувања или потенцијални конфликти се манифестира во нивната зрелост.

Извор



912

X