Алекс Хофман е 24-годишна студентка по право. Додека ги истражувала сексуалните злосторства на деца кои се случуваат онлајн, таа дознала зошто никогаш не треба да објавувате фотографии од децата на интернет, а сега го сподели застрашувачкото предупредување со корисниците на социјалната платформа „Тик-ток“.

-Повеќето фотографии од деца објавени на „Дарк веб“ се преземени од профилите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ на обични луѓе. Ако на „Фејсбук“ видите предлог за пријателство од лице со кое немате заеднички пријатели, тоа значи дека тоа лице го пребарало вашиот профил најмалку три пати – вели таа во виралното видео.

Таа објаснува дека е многу лесно да се пристапи до „Дарк веб“, односно до скриените веб-страници.

– Експлоатацијата на децата е индустрија од милијарда долари и илјадници веб-страници се креираат секој ден за споделување фотографии и видеа. Мој совет до родителите е да ги ограничат објавите на нивното дете на социјалните мрежи бидејќи тоа навистина може да заврши во погрешни раце – додала таа.

Нејзиното видео собрало 14 милиони прегледи и предизвикало голем интерес во јавноста, па Хофман подоцна објавила и повеќе детали.

„Многу фотографии од деца кои се објавени на дарк веб воопшто не се експлицитни. Тоа се деца во гимнастичарски и танцувачки трикоа. Нивните родители немаат поим дека нивното дете е на дарк веб“, објаснила таа.

@definitelynotalex04 Lmk if u have any questions- pls keep ur kids safe! #parents #safety #online #darkweb #hsi #grw ♬ original sound – Alex

„Поставувањето на опција за вашиот профил да биде приватен не ги намалува шансите на предаторите да ги видат фотографиите на вашето дете. Сепак, јас силно верувам дека тоа се заснова на содржината на фотографијата“, вели таа.

Хофман истакнува дека проблемите настануваат кога фотографијата има еротски потенцијал што родителот можеби нема да го препознае.

„Сѐ може да се извади од контекст. Мислам на фотографии од дете како јаде, во пелени или во костим за капење. Таквите фотографии може да се уредуваат за да се испрати сосема поинаква порака“, заклучила таа.

Извор



912

X