Таткото на Кристи Дејли бил успешен банкар и воен ветеран. Тој починал од рак во 2012 година. Растејќи, Кристи го гледала нејзиниот татко како ги подготвува неа и нејзините браќа и сестри за иднината без него. Ја научил на вредни правила за среќен живот, која таа ги споделила со јавноста:

Престанете да се жалите и завршете ја работата

„Татко ми секогаш се фокусираше на тоа да биде конструктивен наместо да се жали на работите кои се надвор од негова контрола. Тој очекуваше никогаш да не се откажуваме кога ќе се соочиме со предизвици“.

Дајте си време за да давате внимателни и смислени одговори

„Тато отсекогаш сакаше да ги слуша моите приказни. Кога ќе се вратев дома од работа и ќе го отворев срцето, тој само ме слушаше. Знаев дека никогаш нема да добијам брза реакција од него. Честопати застануваше во мојата соба неколку часа подоцна и ми даваше предлог како да се реши ситуацијата што сум ја споменала претходно“.

Бидете паметни со парите

„Тато никогаш не се жалеше на трошоците за основните потреби. Знаеше дека мудрото управување со парите значи да се гледа подалеку од тие секојдневни трошоци“.

Секогаш доаѓајте дома на вечера

„Моите родители имаа пет деца за 20 години. Сите се сеќаваме како тато секогаш доаѓаше дома на вечера. Иако имаше успешна кариера, секогаш одвојуваше време за своето семејство. Откако јадевме, ја вадеше актовката и продолжуваше со работа. Нашол среќа во животот благодарение на тоа што знаел да го балансира времето“.

Бидете паметни со кредитите

„Кога почнав да студирам, татко ми ми ја даде првата кредитна картичка на мое име. Ми беше дозволено да ја користам за да купам книги и основни потреби. Тој ја плаќаше сметката секој месец. Кога дипломирав, имав добар кредитен рејтинг и можев да добијам заем за да го купам првиот автомобил“.

Најдобар начин да се сетите на саканите е да ги сакате другите

„За жал, мајка ми ја загуби битката со ракот шест години пред смртта на татко ми. Тие беа во брак 42 години. Тој сакаше да си го тргне вниманието од својата тага, па почна да волонтира во црквата и во заедницата. Со пријателите основа непрофитна организација за испраќање пакети за нега на војници во странство. Тој, исто така, покрена и стипендија во спомен на мајка ми. По смртта на татко ми, ја одржувавме јас и моите браќа и сестри. Секоја година нашето поранешно средно училиште избира матурант кој ќе добие чек од 1.000 долари, од нашето семејство. Можеби не е многу, но верувам дека тие што ќе ја примат стипендијата паметно ќе ги искористат тие пари“.

Извор



912

X