Секој што одгледал повеќе од едно дете може да потврди дека секое дете има своја личност. Исто така, секој што видел браќа и сестри од исти родители и од исто домаќинство може да посведочи дека дури и децата кои доаѓаат од иста средина често излегуваат сосема различни.

Експертот за развој на децата, д-р Габор Мате, вели дека личноста не е единственото нешто што прави разлика.

– Не се воспитуваат исто две деца од исто семејство. Нема две деца со исти родители – изјави д-р Мате во поткастот „Лајв енд хелп лав“. Тој ја праша водителката дали има брат или сестра, на што таа му одговори потврдно.

– Имам помлади и постари браќа и сестри – рече таа.

– Не сте израснати во исто семејство. Никогаш не си имала искуство да бидеш најстаро дете. Ти си средно дете, што може да биде доста тешко затоа што средните деца немаат почит и авторитет од најстарото дете или слаткоста и симпатијата на најмладото. И не само тоа. Кога твоите родители те имале, тие можеби биле во друга фаза од нивниот личен развој, или во друга фаза во нивната врска или во друга економска ситуација – објаснува тој.

Според д-р Мате, уште поважно е што секое дете има различен темперамент, што значи дека евоцира различен дел од своите родители.

– Значи, дури и родителот да ги сака своите деца еднакво, нема да реагира еднакво на секое дете. Затоа велам дека децата немаат двајца исти родители – вели тој.

Извор



912

X