Топлинскиот исип го предизвикува зголеменото потење кај детето, а најчесто се јавува во летните месеци кога надворешните температури се високи. Како што објаснуваат педијатрите, овој тип на исип се јавува кога има одреден вид блокирање на потните жлезди кај детето, што предизвикува формирање на мали црвени испакнатини. Иако топлотниот исип е безопасен, многу родители се загрижени бидејќи не знаат за што се работи.

Топлотниот исип се појавува во форма на мали розови точки или убоди, а најчесто е видлив на вратот, горниот дел од градите и грбот. Само во ретки случаи бара медицинска интервенција. Иако децата се потат во текот на годината, следните појави го зголемуваат ризикот од исип:

-топло или влажно време
-физички напор
-употреба на одредени производи кои ги блокираат потните жлезди.

Според клиниката „Кливленд“, родителите треба да побараат лекарска помош доколку исипот продолжи, односно ако не помине сам по себе за неколку дена, ако се влоши или ако се видливи одредени знаци на инфекција. Симптомите кои укажуваат на можност за инфекција се треска, болка или оток на местото на исипот и отечени лимфни јазли под пазувите, вратот или препоните.

Извор



912

X