Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
„WhatsApp“ воведува важна промена во начинот на кој функционира двостепената верификација на платформата. Корисниците сега имаат можност да постават посилна алфанумеричка лозинка како дополнителен слој на заштита, објави апликацијата за размена на пораки во своето најново ажурирање. Станува збор за значително подобрување во однос на шестцифрените PIN-кодови што апликацијата ги користи за двостепена верификација уште од воведувањето на оваа ...
Во Струмица килограм домати летово се откупуваше и за 15 денари. Неколку недели подоцна, истиот производ на големо во Скопје се движеше меѓу 35 и 50 денари за килограм, додека на зелените пазари и во продавниците крајната цена знае да оди уште нагоре. Не станува збор за ист ден, иста класа и ист производител, па бројките не можат едноставно да се споредат еден спрема еден. Но добро ја покажуваат старата мака на македонското земјоделство: од ...
„Xiaomi“ пласираше сопствен мобилен процесор за своите премиум смартфони, со што дополнително ги притиска „Qualcomm“ и „MediaTek“, компаниите кои со години ги снабдуваа кинескиот производител со клучните процесори, објави „Bloomberg“. Системскиот чип „Xring O3“ претставува нов чекор во напорите на „Xiaomi“ да развива сопствени полупроводници. Компанијата тврди дека чипот овозможува поефикасна обработка на слики и подобри перформанси во ...
Европската унија (ЕУ) треба до крајот на 2026 година да постигне договор за следната повеќегодишна финансиска рамка за периодот 2028–2034 година. Ова го посочува претседателот на Советот на ЕУ, Антониo Кошта, во напис објавен во неколку европски медиуми и на веб-страницата на Советот. Објавувањето на написот е поврзано со најавената турнеја на Кошта низ земјите членки на Унијата, која ќе трае од 25-ти август до 17-ти септември 2026-та година. ...
„Volkswagen“ во Бразил го претстави „Tukan“, нов компактен пикап кој од 2027-ма година ќе се обиде да освои дел од пазарот на модели како „Fiat Strada“ и „Chevrolet Montana“. „Tukan“ е целосно развиен во Бразил и таму ќе се произведува. Тој ќе го замени долгогодишниот модел „Saveiro“, кој со години е присутен на јужноамериканскиот пазар. Новиот пикап ќе биде достапен во две верзии – со една кабина и еден ред седишта (single-cab) или со две ...
Цената на природниот гас во Европа веројатно ќе мора да надмине 100 евра за мегават-час во декември за континентот да обезбеди доволно резерви за целата зима, прогнозира американската инвестициска банка „Goldman Sachs“. И покрај неодамнешниот раст на цените на фјучерсите на берзата во Холандија, која е главен европски репер за цената на природниот гас, тоа можеби нема да биде доволно за кон Европа да се пренасочат потребните количини течен ...
Псилиумот во последните години привлече големо внимание како наводно поевтина алтернатива на „Ozempic“. Станува збор за извор на растворливи растителни влакна кои можат да придонесат за подолго чувство на ситост и да помогнат во регулирањето на варењето, шеќерот во крвта и холестеролот. Сепак, експертите предупредуваат дека неговото дејство не може да се споредува со она на семаглутидот и дека псилиумот не е замена за лекови како „Ozempic“ и ...
Ново намалување на стапката на невработеност. Најновите податоци на Државниот завод за статистика велат дека во Македонија невработеноста е на ниво од 11,3 проценти. Во апсолутни бројки, во земјава има 90.020 невртаботени лица. Чудно е тоа што и покрај тоа што има огромна побарувачка на пазарот на труд, не се забележува позначителна невработеност во државата. Најновиот извештај на државните статистичари покажува дека бројот на активното ...
Цената на квадратот расте, нови згради никнуваат низ Скопје, а впечатокот на многумина е дека недвижностите станаа еден од најпрофитабилните бизниси во Македонија. Но, дали навистина сите што работат со недвижности заработуваат огромни пари? Новите податоци покажуваат интересна слика. Во 2025 година, 810 компании од дејноста со недвижен имот оствариле вкупни приходи од околу 227,6 милиони евра или речиси четвртина милијарда евра. Но приход не ...
Само 10,5 километри автопат, а договор вреден околу 222 милиони евра. На прв поглед, математиката изгледа неверојатно, односно повеќе од 20 милиони евра за километар. Но автопатот Скопје-Блаце не е обична делница на рамен терен. Официјално започна изградбата на втората фаза од автопатот кон границата со Косово, а зад високата вредност на проектот се крие една од инженерски најсложените патни делници што се градат во Македонија. Голем дел од ...
„Нема кој да работи“ е реченица која до пред неколку години најчесто се слушаше во угостителството и градежништвото, денес сè почесто ја повторуваат сопственици и менаџери на компании од различни индустрии. Но зад проблемот со недостигот на работници се крие една едноставна економска логика: кога понудата на одреден кадар се намалува, а побарувачката останува висока, неговата цена расте. А цената на трудот е платата. Дипломата повеќе не е ...
Македонските граѓани имаат огромна сума пари во домашните банки. Според последните податоци за монетарните движења, депозитите на домаќинствата надминаа 7,5 милијарди евра, што е значително повеќе од износот што граѓаните го должат преку кредити – околу 4,8 милијарди евра. Бројката покажува нешто интересно за финансиското однесување во Македонија. И покрај растот на цените во изминатите години, граѓаните кои располагаат со вишок средства и ...
Американските берзи во вторникот завршија со умерен раст, иако расположението на инвеститорите останува поделено меѓу оптимизмот околу технолошкиот сектор и сè поголемата загриженост за потрошувачката и трговските тензии. Индексот S&P 500 порасна за околу 0,2 проценти, Nasdaq Composite за 0,5 проценти, а Dow Jones Industrial Average додаде околу 91 поен, односно 0,2 проценти. Најголем импулс дојде од секторот на полупроводници. Акциите на ...
Тирана се издвои како најповолен град со дневен трошок од 59 евра по лице, додека Букурешт, Анталија, Варшава и Истанбул исто така се меѓу најевтините дестинации. Промените на туристичкиот пазар ја одбележаа изминатата година. Поради силниот раст на цените на авионското гориво, многу патници се откажуваат од далечните дестинации, но поволни можности за патување во септември сè уште има низ цела Европа. Туристичката агенција Thomas Cook ги ...
Електричните автомобили ќе стануваат сè подоминантни на масовниот пазар, а кинеските производители би можеле да бидат меѓу најголемите добитници од таа трансформација. Сепак, моторот со внатрешно согорување нема целосно да исчезне. Напротив, кај најскапите спортски и луксузни автомобили може да преживее уште долго, смета Мате Римац, извршен директор на Bugatti Rimac. Во разговор за CNBC, Римац ја споредува иднината на автомобилската ...
Кога едно македонско семејство ќе седне со калкулатор пред летување, морето брзо паѓа во втор план. Прво се гледа цената на апартманот, потоа горивото или автобусот, ручекот, лежалките, кафето, сладоледите за децата… И на крај доаѓа главното прашање: Албанија или Црна Гора? И двете дестинации со години се меѓу изборите на македонските туристи, особено на оние што сакаат да стигнат до море со автомобил или автобус. Но, кога ќе се споредат ...
Последните години во Македонија сè почесто гледаме слики кои до неодамна ги доживувавме како нешто што им се случува на други места. Пожари кои за неколку часа зафаќаат огромни површини, силни ветрови кои корнат дрвја и покриви, град кој уништува автомобили и земјоделски насади, како и поројни дождови по кои водата влегува во подруми, гаражи и домови. И секогаш по ваков настан следува истото прашање – кој ќе ја плати штетата? За автомобилот ...
Трговскиот конфликт меѓу САД и Канада влегува во нова и значително поостра фаза. Отава официјално најави дека од 8 септември ќе воведе дополнителни царини од 15, 25 и 50 проценти за широк спектар американски производи, како директен одговор на новите американски царини кон канадската стока. Канадската влада не остава многу простор за дилема околу стратегијата. Пораката од Отава е дека американските мерки ќе бидат возвратени „долар за долар, ...
Летувањето трае седум или десет дена. Кредитот, многу подолго. Токму тука се крие замката за дел од македонските граѓани кои, наместо цела година да тргаат пари настрана за одмор, во последен момент посегнуваат по кредитна картичка, дозволен минус или потрошувачки кредит. Морето ќе помине, фотографиите ќе останат, но заедно со нив и ратата што секој месец ќе стигнува за наплата. Финансиските познавачи предупредуваат дека задолжувањето за ...
Бербата на сливи на прв поглед изгледа како едноставна сезонска работа. Доаѓаш наутро, береш, ја земаш дневницата и си одиш дома. На терен, сепак, приказната е малку поинаква. Сонце, прашина, постојано наведнување, носење гајби и темпо што не смее многу да падне. За тие што можат да издржат, заработката во неколку недели од сезоната воопшто не е за потценување. Во Македонија нема единствен ценовник колку треба да добие берач на сливи. Сумата ...
На веб-страницата на Електронскиот национален регистар е објавен Предлог-закон за електронско фактурирање, со кој се предлага целосно нов модел на издавање, прием и обработка на фактурите во земјава. Наместо фактурите да се разменуваат само како PDF, по електронска пошта или на хартија, предлогот предвидува централен систем за е-фактура преку кој документите ќе се издаваат, валидираат, примаат, прифаќаат, одбиваат, коригираат, сторнираат и ...
Компанијата-мајка на онлајн трговецот Тему, „PDD Holdings“, остварила раст на приходите од 8 отсто во вториот квартал, но резултатите сепак биле под очекувањата на пазарот, објави „Reuters“. „PDD Holdings“, која во Кина управува со платформата „Pinduoduo“, а на меѓународниот пазар со „Temu“, пријавила приходи од 112,36 милијарди јуани (15,7 милијарди долари) во кварталот што завршил на 30-ти јуни. Аналитичарите очекувале приходи од околу ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната бруто-произведена електрична енергија во јуни 2026 година изнесува 408 045 МWh, што претставува 91.3 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во јуни 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 446 814 МWh електрична енергија, 4.077 мил. нм3 природен гас, 264 691 тони јаглен и 102 557 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на ...
Екстремните горештини и сушата што траеше со недели ја чинеле германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е околу 0,8 до 0,9 отсто од вкупното економско производство на земјата, објави еколошката организација „Greenpeace“, а пренесе ДПА. Сумата е пресметана врз основа на економските загуби од намалените земјоделски приноси, шумските пожари, трошоците за здравствена заштита, загубите на продуктивноста и трошоците во образованието ...
За многу вработени, крајот на работното време одамна не значи и крај на работниот ден. Компјутерот останува вклучен, телефонот ѕвони, стигнува уште една порака, па уште една задача што „мора да се заврши денес“. Еден час плус лесно станува два. А кога тоа ќе се повторува секој ден, истражувањата покажуваат дека цената не се плаќа само со изгубено слободно време. Податоците од повеќе меѓународни истражувања покажуваат дека долгото работно ...
Сценариото им е добро познато на речиси сите што пазаруваат. Влегувате во маркет по леб, млеко и уште две-три работи што недостигаат дома. Не земате количка, затоа што „нема што многу да се купува“. Десетина минути подоцна стоите на каса со полна корпа, а на дисплејот се појавува сума од 800, 1.000 или повеќе денари. И тогаш си го поставуваме истото прашање – што всушност купив? Не станува збор само за чувство дека животот поскапел. ...
Станот е купен, кредитот можеби одамна е отплатен, а во него никој не живее. На прв поглед, логиката е едноставна – ако нема станари, нема ни трошоци. Но сопствениците на празни станови добро знаат дека недвижноста не престанува да троши пари само затоа што клучот стои во фиока. Сметките продолжуваат да пристигнуваат, зградата мора да се одржува, данокот на имот не исчезнува, а одвреме-навреме се појавува и некоја поправка. Кога сето тоа ќе ...
Сметките за струја и греење секоја зима ја отвораат истата дилема: има ли начин еднаш да се плати поскапо, а потоа со години да се троши помалку? Кај соларната енергија токму тоа е главната сметка. Почетната инвестиција не е мала, но сонцето потоа не испраќа фактура. Соларните системи одамна не се само некаква зелена идеја за ентузијасти. Сè повеќе домаќинства и компании ги гледаат како начин да ја намалат зависноста од цената на струјата, ...
За голем дел од македонските семејства автомобилот одамна не е луксуз. Со него се оди на работа, се носат децата на училиште, се пазари, се патува за викенд и се оди на одмор. Но, кога Македонците пресметуваат колку ги чини автомобилот, најчесто ја гледаат само една ставка – горивото. А токму тоа може да биде најголемата заблуда. Автомобилот троши пари и кога стои паркиран пред зграда. Регистрација, осигурување, сервис, гуми, акумулатор, ...
На прв поглед, сметката изгледа примамливо. Вода, слад, хмељ и квасец се претвораат во пиво кое на полица или во локал може да се продава значително поскапо од индустриското. Токму тука многумина ја гледаат шансата за бизнис. Но кај крафт пивото разликата меѓу добра идеја и профитабилна пиварница најчесто не се прави во казанот, туку во продажбата. Производството почнува со опрема. Казани, ферментатори, систем за ладење, пумпи, садови, опрема ...