Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Кошаркарите на Валенсија преку Панатинаикос се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, нивен прв во историјата. Валенсија дојде од 0-2 на 3-2 на најтешкиот можен начин, откако ги загуби првите два натпревари на свој паркет. Ова е втор пат во историјата, екипа по 0-2 да го добие следните три натпревари и дас избори пласман на Завршниот турнир. Претходно ваков подвиг направи Реал против Партизан во 2023 година. Интрересно и тогаш и сега, на ...
Фрлањето подвезица е еден од најпознатите свадбени обичаи, но малкумина знаат какво значење всушност се крие зад оваа традиција. Денес многумина го доживуваат како забавен и опуштен момент од свадбената веселба, но неговото потекло е многу подлабоко и поврзано со интимниот живот на младенците. Обичајот најчесто се случува подоцна во текот на свадбената вечер, кога младоженецот симболично ја вади подвезицата од ногата на невестата, најчесто ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Кристал Палас со 3:0 (2:0) во натпревар од 31-то коло од англиската Премиер лига. Тимот на Пеп Гвардиола го држи чекорот со водечкиот Арсенал и во последните две кола се очекува вистинска драма во трката за титулата. Победата вечерва ја постигнаа головите на Антоан Семењо во 32-та минута и Омар Мармуш во 40-та минута, односно Савињо кој постигна гол во 84-та минута. Во моментов, состојбата на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го покани својот американски колега Доналд Трамп да го покрене прашањето за прекинување на руската инвазија на состанокот со кинескиот претседател Шји Џјинпинг. „Во постојан контакт сме со нашите американски партнери. Благодарни сме им и се надеваме дека прашањето за војната што Русија ја води против Украина ќе биде покренато и во оваа пригода кога американскиот претседател ќе биде во Кина“, ...
Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2:0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва по 2010 година, кога актуелниот тренер Кристијан Киву, беше командант на одбраната, Избраниците на Кристијан Киву ја потврдија својата доминација на „чизмата“, а Лацио речиси и да не беше конкурентен во финалето на својот стадион. Иако беа гости, „нероазурите“ целосно го надиграа Лацио и поведоа во 14-та минута со автогол ...
Иран веројатно се подготвува за обновени непријателства со САД и Израел, соопшти во вторникот Институтот за проучување на војната (ISW), како што објави „Euronews“, наведувајќи серија воени движења и безбедносни вежби во земјата како знаци на активни подготовки за нова војна. Тинк-тенкот со седиште во Вашингтон, кој објавува дневни воени анализи, изјави дека иранскиот режим ги гледа подготовките за обновен конфликт како неразделни од ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека светот влегува во период на продлабочување на геополитичката нестабилност, оценувајќи дека меѓународните односи влегуваат во „почеток на голема бура“. Зборувајќи на 12-от Меѓународен поморски конгрес, Сикорски рече дека настаните што до неодамна се сметаа за речиси незамисливи станаа дел од секојдневниот живот. „Живееме во време на повеќекратни кризи. Темни ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата шампион на Франција со победа над Ленс на гостински терен со резултат 2:0 (1:0). Со овој триумф, шампионот на Европа и финалистот на новото издание на Лигата на шампионите ја обезбеди титулата во директен дуел со првиот конкурент. ПСЖ сега има 76 бода, дури девет повеќе од Ленс, кој со евентуална победа можеше да внесе драма во трката за трофејот во пресрет на последното коло. Првиот гол ...
ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на потегот од споменикот „Прилепски бранители“ до мостот во населбата, биле откорнати старите зимзелени растенија и ружи, по што на нивно место се засадени нови садници. Од претпријатието информираат дека активностите ќе продолжат ...
Полицијата во Лондон денес објави дека ќе спроведе „невидена“ операција овој претстоен викенд за да спречи насилство и сериозни нарушувања за време на антиимиграциските и пропалестинските протести во британскиот главен град. „Обемот на операцијата е невиден во последните години“, изјави заменик-помошникот комесар на лондонската полиција, Џејмс Харман, на прес-конференција, според Ројтерс. Харман рече дека околу 4.000 полицајци ќе ...
Соединетите Американски Држави се обидуваат со санкции да ги истиснат руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ од меѓународниот бизнис, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Во интервју за „RT India“, Лавров, одговарајќи на прашање за американските санкции против овие компании, рече дека целта на Вашингтон „не е скриена“. „Ги споменавте „Лукоил“ и „Роснефт“, а целта е – и ова не е скриено – да се отстранат овие компании од целиот ...
Пoтпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека верува оти се постигнува напредок во преговорите со Иран, и покрај тоа што претседателот Доналд Трамп го отфрли најновиот предлог на Техеран, сметајќи го за неприфатлив. „Мислам дека постигнуваме напредок. Фундаменталното прашање е, дали ќе постигнеме доволен напредок за да ја исполниме црвената линија на претседателот?“, изјави Венс пред новинарите во Белата куќа. „А црвената линија е многу ...
Полска ја активираше својата воздушна одбрана околу 13 часот откако беше пријавен голем руски напад со беспилотни летала врз Украина. Полските борбени авиони и хеликоптери се во воздух, а копнените системи се исто така во состојба на готовност. Полска и претходно беше сведок на вакви превентивни активирања на воздушната одбрана. За време на нападот, Словачка, исто така, привремено ги затвори граничните премини со Украина. Поради голем руски ...
Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата средба со кинескиот лидер Шји Џјинпинг се сведени од објавување на „голем договор“ на апел за помош за повторно отворање на Ормускиот теснец и притисок за помали трговски договори. Претседателот Доналд Трамп пристигнува во Пекинг во улога на која не е навикнат – како молител кој бара услуги, пишува „Политико“. Белата куќа соопшти дека средбата меѓу Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг во ...
Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во ...
Мадрид повторно ќе стане центар на европската музичка сцена со новото издание на „Мед Кул Фестивал“, кое ќе се одржи од 8 до 11 јули 2026 година во фестивалскиот простор „Ибердрола Мјузик“ во шпанската престолнина. Годинава фестивалот го одбележува своето јубилејно десетто издание и најавува четири дена исполнети со рок, поп, инди и електронска музика, со повеќе од 70 светски познати изведувачи. Организаторите најавија подобрена ...
Педијатар во болница во близина на Берлин е обвинет за 130 сексуални прекршоци, вклучувајќи сексуална злоупотреба и силување на деца, од кои многу се случиле во болницата, соопштија обвинителите, објави германската новинска агенција ДПА. „Ова вклучува, меѓу другото, обвинувања за сериозен сексуален напад врз малолетници и силување“, кое наводно се случило во период од 12 години што завршува во ноември 2025 година, соопшти канцеларијата на ...
Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот. „Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес на самитот во Букурешт (Б9) во главниот град на Романија изјави дека Русија останува главна закана за НАТО и ги повика сојузниците да продолжат со зајакнување на одбраната, особено на источното крило на Алијансата. Тој рече дека НАТО поминува низ промени што би значело дека европските членки преземаат поголема одговорност. „Русија останува директна закана за НАТО. Мораме да направиме сè за да ги ...
Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што појаснуваат настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и ТАВ. Според Николоски, со реконструкцијата болницата ќе стане една од најмодерните здравствени установи во државата и ќе обезбедува подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал. „Навистина е посебно чувство ...
Рускиот претседател Владимир Путин го посети Московскиот институт за термотехника (МИТ), едно од клучните претпријатија на рускиот воено-индустриски комплекс, каде што беа развиени стратешките нуклеарни ракетни комплекси „Топол“, „Топол-м“, „Јарс“ и „Булава“. Рускиот лидер му додели на тимот на институтот медал „За храбра работа“, а исто така му ја честиташе и 80-годишнината од неговото постоење, пренесува „RT Balkan“. Како што истакна, ...
По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија од ЗОО Скопје. „Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите ...
Во регионот Могок во Мјанмар, познат низ светот како „Долината на рубините“, е откриен џиновски рубин кој веќе предизвика огромно внимание кај експертите и трговците со скапоцени камења. Според првичните информации, станува збор за еден од најголемите рубини пронајдени во последните години во овој рударски регион. Могок со децении важи за едно од најпознатите и најценетите места во светот за ископување рубини. Камењата од овој дел на Мјанмар ...
„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши“, велат од СДСМ. Според оваа партија, пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми, како што велат, сите се со црвени пасоши на ЕУ. „Затоа и имате проблем со ...
Деми Мур смета дека вештачката интелигенција нема да може да ја замени вистинската уметност, без разлика колку технологијата напредува. Холивудската актерка се осврна на растечката дебата околу употребата на вештачка интелигенција во филмската индустрија за време на Канскиот филмски фестивал, каде оваа година е член на жирито. Деми Мур порача дека вештачката интелигенција веќе е дел од современиот свет и дека борбата против неа е бесмислена, ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за ...
Нашата позната водителка Лила Филиповска повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со впечатливо модно издание од луксузниот Бодрум. По фотографиите во костим за капење кои предизвикаа бројни реакции, водителката овојпат позираше во досега најкусото фустанче што го носела јавно. Лила ужива во Јаликавак Марина, едно од најексклузивните места во Турција, познато по луксузните јахти, светските модни брендови, скапите ресторани и ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот не станало збор за детали од конкретни предмети, вклучително и за одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут за „ТЕЦ Неготино“. „Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на ...
Холивудската легенда Џоан Колинс повторно покажа дека гламурот нема возраст, блескајќи на отворањето на 79-от Кански филмски фестивал во впечатлив бел фустан инспириран од орхидеја. И покрај своите 92 години, актерката привлече огромно внимание на црвениот тепих и уште еднаш докажа зошто со децении важи за една од најелегантните жени во светот на филмот. Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Палатата на фестивалите во Кан, каде Џоан ...