Кели Хенри има правило за кое вели дека одлично функционира во спречувањето на досадните детски кавги. Оваа мајка на четири деца секој ден именува различно дете како „ѕвезда на денот“. Со други зборови, на децата наизменично им се доделуваат одредени придобивки, но и обврски.

„Почнуваме од најмладите, па до најстарите. На нивниот ден тие имаат дополнителни обврски, но и посебен третман“, објаснила таа на социјалната платформа „Тик-ток“.

Кели потоа додала дека на неговиот посебен ден, детето морало да заврши одредени задолженија, како што се празнење на машината за миење садови, фрлање на ѓубрето и хранење на кучето. Исто така, ако нејзе ѝ треба помош, ќе го замоли да ѝ помогне детето кое е одредено како „ѕвезда“ тој ден.

@oh.henrys Hope this helps someone. #momhack #kids #family #momlife #parenting ♬ original sound – Oh.Henrys

„Меѓутоа, на овој ден детето знае дека има посебен третман. На пример, може да избере каде да седи во автомобилот, што да вечера или што семејството ќе гледа на ТВ навечер. Ако остане едно колаче, ќе му се даде на детето чиј ден е“, објаснила таа.

Кели има деца на возраст од 13, 12, 9 и 8 години. Нејзината идеја станала хит меѓу родителите, а видеото собрало илјадници прегледи.

Извор



912

X