Една нова студија покажала дека зачестеноста и должината на дремките на детето се показател за неговите когнитивни потреби. Според резултатите од истражувањето, децата што имаат помал речник и послаби когнитивни способности треба почесто да спијат.

Студијата опфатила податоци за 463 деца на возраст од осум месеци до три години и покажала дека потребата за сон во текот на денот е показател за когнитивниот развој. Имено, некои деца се поефикасни во консолидирањето на наученото за време на спиењето, па им треба помалку сон. Ова не значи дека децата треба да се поттикнуваат да спијат што е можно повеќе за да се подобри развојот на мозокот, велат научниците, туку само дека треба да им се дозволи да спијат онолку колку што им е потребно.

„Родителите многу се возбудуваат за спиењето на нивните деца и се грижат дали тие спијат доволно, или пак, спијат премногу за нивната возраст. Но, она што го откривме е дека количината на сон зависи од индивидуалните потреби на детето“, истакнала д-р Теодора Глига, водач на ова истражување.

Научниците ги прашале родителите за начинот на спиење на нивното дете, како и за способноста на детето да се фокусира, способноста да помни, како и за бројот на зборови што ги разбира и користи. Тие го зеле предвид и социо-економскиот статус на семејството, приходот и нивото на образование на родителите, како и времето кое детето го поминува пред екраните или играјќи надвор.

„Карантинот поради ковид-19 ни овозможи да го проучуваме детскиот сон во природен облик, бидејќи децата не одеа во градинка, каде што спијат според распоред“, објаснува д-р Глига.

„Нашите наоди покажуваат дека децата имаат различни потреби за сон – некои деца порано ги прескокнуваат дневните дремки затоа што повеќе не им се потребни. На другите им треба сон во текот на денот и по тригодишна возраст“, ​​заклучува таа.

Извор



912

X