Децата се занимаваат со различни хобија додека растат. Додека некои траат цел живот, други им здосадуваат за неколку недели. Но, постои една работа што можете да му ја подарите на вашето дете сега за да го подобрите здравјето на неговиот мозок во иднина. Според научниците, тоа е да го научите да свири на музички инструмент.

Според студија спроведена на Универзитетот „Единбург“ и Универзитетот „Единбург Напиер“, луѓето што свиреле на инструмент во поголемиот дел од својот живот постигнале подобри резултати на когнитивните тестови во нивните 70-ти и раните 80-ти години, за разлика од оние што не свиреле.

Врската била очигледна дури и кога биле земени предвид други фактори кои би можеле да влијаат врз здравјето на мозокот во староста, како што се интелигенцијата или образованието.

Сите учесници во студијата, 420, се родени во 1936 година во областите Единбург и Лотиан. Во текот на растењето биле тестирани нивните физички и ментални функции. 167 од нив имале искуство со свирење на музички инструмент, најмногу во детството или тинејџерските години, и тие добиле подобри резултати на тестовите за брзина на обработка на информации и просторно размислување.

„Ги гледаме овие резултати како возбудлива почетна точка за понатамошно истражување, за тоа како музичкото искуство во текот на животот може да придонесе за здраво стареење“, рекла д-р Џудит Окели од Универзитетот „Единбург Непиер“.

Резултатите од студијата биле објавени во списанието „Психологија и стареење“. Претходните студии покажале дека децата имаат корист и од свирењето музика кога се мали, бидејќи тоа им помага да постигнат подобри резултати на когнитивните тестови.

Извор



912

X