Поради недоразбирање и грешка, оставањето дете во вжештен автомобил е една од најлошите работи што може да му се случат на родителот. Ова го доживеала и Американката Џејми Дил. Нејзиниот сопруг Ендру, еден ден го однел нивниот тригодишен син Оли во градинка наместо неа, но по пат заборавил каде оди и возел директно на работа.

„Седејќи покрај безживотното тело на мојот син во мртовечницата, се распаѓав. Беше облечен во омилените пижами со желки и иако изгледаше како да спие, знаев дека моето палаво, добро момче никогаш повеќе нема да се разбуди“, го опишала мајката трагичниот настан.

„Некаде околу ручекот ја проверив апликацијата за дневен престој за да видам што јадел Оли тој ден и се изненадив кога видов дека неговото пристигнување не било регистрирано. Неколку пати му се јавив на сопругот, но тој не ми одговараше“, додала Џејми, која веднаш отишла во градинката со постариот син за да види што се случува.

Но, штом видела брза помош и полициско возило пред куќата, сè и било јасно. Според неа, Оли поминал повеќе од четири часа на температура повисока од 48 Целзиусови степени и на крајот починал од ефектите на хипертермија.

Иако оваа трагедија се случила уште во 2019 година, родителите дури сега се подготвени да зборуваат за немилиот настан и денот кога го загубиле синот. Најлошото нешто, објаснуваат тие, е фактот што луѓето сè уште ги осудуваат за сѐ, особено мајката.

„Ме осудуваат што останав со сопругот по тоа што го направи, а не разбираат дека тоа може да му се случи на секој од нас. Секако дека вината сѐ уште постои, но токму поради Оли решивме да се бориме за љубовта“, објаснила Џејми.

Семејството на Оли ја основало и непрофитната организација „Be Kind For Ollie“, која работи на подигнување на свеста за опасностите од задржувањето на децата и животните во вжештен автомобил.

Извор



912

X