Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Неделата попладне сè уште е викенд, но некаде околу шест часот нешто почнува да се менува. Мислите полека се вртат кон понеделник и сè што носи новата седмица, како состаноците, неодговорените пораки или задачата што сме ја одложувале цела недела. Телото е сè уште на каучот, а главата веќе е на работа. Искуството е толку често што има и популарно име, Sunday scaries. Во едно истражување, дури 80% од вработените рекле дека го чувствуваат, а ...
Граѓанските организации испраќаат повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи. Седум фемициди. Седум изгубени животи. Седум жени и девојки кои повеќе никогаш нема да се вратат дома. Последната жртва е 17-годишно девојче од Богданци. Дете чиј живот заврши на најсуров начин – запалена во автомобил. Дете кое требаше да има иднина. Ситуацијата е алармантна. Жените се убивани, институциите потфрлаат, а одговорност нема. ...
Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026. Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска ...
Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток. Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на BOÜDOIR – The House of Fragrance, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во East Gate Mall во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда. По своето присуство во ...
Колку сме подготвени да ги преиспитаме сопствените ставови, да се соочиме со предрасудите и да ја прифатиме различноста надвор од декларативните уверувања? Новата сезона на Reality Check со Ели Пешева продолжува да го истражува македонското општество преку социјални експерименти, аргументирани разговори и теми што неретко остануваат надвор од јавниот дијалог. Во време кога секој има мислење, но сè помалку луѓе се подготвени да го преиспитаат, ...
Како изгледа кога класичното новинарство ќе се спои со слободата на late-night форматите? Разговараме со креаторите на „Анекта“ за тоа што им недостигаше во постојниот медиумски пејзаж, зошто сатирата бара одговорност, а не само маркетинг, и како изгледа емисија чија единствена цел е да отвори важни теми со став, насмевка и аргументи. По години поведени во класичното новинарство, ја создадовте „Анекта“, а сега влегувате и во формат на ...
Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија. Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата ...
Во светот на ниш парфимеријата, каде што мирисот одамна не е само додаток на личниот стил, туку простор за авторство, уметност и раскажување приказни, The House of Oud изгради сопствен, лесно препознатлив универзум. Брендот кој ги спојува италијанската креативност и парфимерската традиција со љубопитноста кон различни култури, суровини и олфакторни светови, оваа есен отвора ново поглавје со светското лансирање на Ciao. Новиот мирис, ...
Со својата најкомплексна колекција досега, дизајнерката Анастасија Атанасовска зад A2 Atelier ја истражува двојноста на женската природа, претворајќи ги розата, трњето и прецизната рачна изработка во моден наратив за нежноста, силата и правото на сопствени граници. Во природата на розата постои фасцинантен контраст меѓу деликатноста на нејзините ливчиња и острината на трњето што ја штити. Токму од оваа симболика произлегува HER THORNS, ...
Стојам во кујна. 23:00 часот. Втор пат во последните петнаесет минути сум пред отворениот фрижидер. Ја голтам храната без пауза, само уште малку од кашкавалот (мојата мисла). Се вртам, земам уште еден бисквит. Потоа кришка леб, без ништо на неа, само затоа што е ете таму. Утрото се будам со чувство на вина што ме притиска уште пред да отворам очи. Истата приказна, па муабет сама со себе, си ветувам: денес ќе пазам. Или: денес одам на трака ...
Секој месец има нова магична состојка, режим или метод што конечно работи. Оваа сезона е да не јадеш ништо во точно определен прозорец од 16 часа. Претходната беше детокс со сокови. Пред неа, комбинирање на намирници строго според некаков редослед. Алгоритамот на социјалните мрежи не бомбардира со нови “научни” информации. Ги читаме, ги пробуваме, ги споделуваме меѓу себе. Секоја носи ветување дека токму таа е разликата, дека сите претходни ...
Секој од нас јаде по некој начин, дури и кога мислиме дека немаме никаков режим. Некои по правила што ги прочитале, некои по навика што ја носат од дома, некои како ќе се погоди денот. И многумина имаат исто чувство…нешто не оди. Енергијата паѓа попладне, а храната е постојано во мислите. Облеката почнува да стега. Но тешко е да се каже што точно не е во ред. Затоа овој пат ти предлагам проверка. Тестот подолу е развиен од Precision ...
Спроти тебе, на другото биро, стои чинија. Соленки, бисквити, понекогаш чоколадо што некој донел од пат. Иако чинијата е на колегата, некако грицките се за сите. Ти се смешка секој ден. Си се гледате и понекогаш земаш, иако во тој момент ама баш нема чувство на глад. Поминуваш покрај бирото, застануваш да поразговараш две минути, земаш една соленка. Подоцна уште една. До крајот на денот веројатно веќе немаш претстава колку пати раката ...
Појадокот е овесни снегулки со јогурт, лажица мед, шака ореви и чиа семе. За ручек салата со авокадо, маслиново масло и семки од тиква. Попладне неколку бадеми, затоа што се здрави. Вечерта интегрален леб, кашкавал и домати. Овошје преку цел ден. Нема кеса чипс. Ниту еден газиран сок. А вагата не мрда. И сосема ја разбирам фрустрацијата. Вложуваш труд, менуваш навики, избираш квалитетна храна, а резултатот упорно изостанува. Храната ...
Во рамките на проектот ACT4PRESPA, поддржан од Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“, НУ Завод и музеј Битола успешно реализира трилатерална тридневната студентска конференција „Културното и природното наследство во Преспанскиот Регион како средство за комуникација меѓу вековите – современи перспективи“, која се одржа во Претор. На отворањето на конференцијата се обратија д-р Мери Стојанова, координаторка на проектот ACT4PRESPA; ...
Не секоја елеганција е тивка. Ниту секоја женственост е нежна. Постои нешто речиси инстинктивно во начинот на кој Јована Филиповиќ се враќа во Фиренца. Не само како место на кое се создаваат нејзините кампањи, туку и како град што го обликува нејзиниот креативен израз. Ogni cosa al suo posto — Atto II ја продолжува приказната започната претходно оваа година, но носи поинаква атмосфера. Додека првиот дел од колекцијата истражуваше леснотија и ...
Македонската режисерка Тамара Котевска го освои престижниот „Зелен Оскар“ за најдобра режија и продукција на Wildscreen Panda Awards 2026 во Велика Британија, за нејзината визионерска режија и продукција на документарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), реализиран за National Geographic Documentary Films. Со освојувањето на наградата Producer/Director Panda Award, Котевска влегува во историјата како прва добитничка на ова ...
Има настани што претставуваат бренд, и има вечери што успеваат да го претворат неговиот свет во целосно искуство. Гала вечерта посветена на француската парфемска куќа Atelier Des Ors, во организација на Matoss Cosmetics, официјалниот увозник и дистрибутер на брендот во Македонија, дефинитивно припаѓаше на втората категорија. Концептот на вечерта беше изграден околу еден од најпрепознатливите симболи на Atelier Des Ors, златото. Не само како ...
Во пресрет на 47. издание на фестивалот што ја слави уметноста на кинематографијата, британскиот портал „Definition“ разговара со директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски, за фестивалот, за неговото исклучително наследство и за тоа како една институција со речиси пет децении историја останува жива, љубопитна и релевантна. „Ако некој пред неколку години ми кажеше дека еден ден ќе го водам најстариот фестивал во светот посветен на ...
Голем интерес и бројна публика го одбележаа мастеркласот на познатиот српски актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој вчера се одржа во Младинскиот културен центар, во рамките на 26. издание на Скопје филм фестивал. Еден од највлијателните автори на современата регионална кинематографија, Драган Бјелогрлиќ, пред скопската публика говореше за предизвиците на филмската индустрија, односот меѓу уметничката визија и комерцијалниот успех, ...
Со впечатлива перформативна изложба, мултидисциплинарниот уметник го затвори полуфиналното шоу на Top Model Europe 2026 и ја постави темата за загадениот воздух во центарот на сцената. Драган Божино повторно ја покажа силата на својот авторски израз, претставувајќи ја „ASPHYXIA“ во нова, перформативна форма. Во Музејот на македонската борба во Скопје, неговите дела станаа дел од сценско доживување во кое ликовната уметност, музиката и ...
Со свечена церемонија во Македонскиот народен театар, синоќа беше отворено 26. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој и годинава ја става филмската уметност во фокусот на културните случувања во градот. За најдобрите остварувања во натпреварувачката програма ќе одлучува петчлено меѓународно жири составено од истакнати имиња од филмската индустрија: Стив Абот, Даниела Вебер, Лабина Митевска, Павле Вучковиќ и Даријан Пејовски. Во рамките ...
Додека во Македонија сè уште слушаме јавни изјави за потребата од „машки надзор“ врз сопругите и партнерките, за тоа како треба да се однесуваат жените и кое е нивното место во семејството, неодамна во Њујорк, Комитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминацијата врз жените (CEDAW) ја усвои Генералната препорака бр. 41 – документ што испраќа јасна порака за родовите стереотипи, патријархалните структури и нееднаквите односи на ...
Живееме во време во кое речиси постојано сме достапни за другите, а сè поретко навистина присутни со себе. Во кој момент човек почнува да се оддалечува одсопствените потреби? Ретко постои еден јасен момент на оддалечување од себе. Најчесто почнува постепено и несвесно: кога одморот го одложуваме „за подоцна“, кога на „како си?“ одговараме автоматски „Добро“ без да се провериме, кога трчаме по одредени нешта затоа што така „треба“, а тие не се ...
Новиот парфем La Bomba од Carolina Herrera ја претвора радоста на слободното изразување во раскошна мирисна композиција. Цветен, овошен и топол, тој ја истражува врската меѓу мирисот и личноста, меѓу она што го чувствуваме за себе и присуството што го создаваме во светот. Неговата привлечност се развива низ внимателно осмислен спој на тропска свежина, цветна полнота и сензуална длабочина, со кој куќата Carolina Herrera отвора ново поглавје во ...
Накитот отсекогаш имал значење што го надминува неговиот декоративен карактер. Тој ги чува спомените, сведочи за важните животни пресвртници и понекогаш, подобро од зборовите, открива нешто за личноста што го носи. Во свет во кој стилот сè повеќе се разбира како форма на автентично изразување, изборот на накит станува лична одлука, начин да се покажат сопствените вредности, емоции и уверувања. Токму врз таа блиска врска меѓу накитот и ...
По две сезони тишина, со задоволство го пренесуваме официјалното соопштение на домашниот бренд Ве., кој го најавува своето големо враќање и освојувањето на новиот континент со колекцијата FRANKLIN. Во продолжение прочитајте ги сите детали. BE. HAS BEEN QUIET. NOW WE KNOW WHY. Две сезони без нова колекција. Многу малку објаснувања. И наеднаш: Америка. Be. се враќа со FRANKLIN, колекција за моќта, независноста и луксузот што нема потреба да ...
Постојат моменти во кои светлината и темнината не се спротивставуваат, туку создаваат простор за една поинаква перцепција на убавината. Токму во таа суптилна граница, меѓу видливото и навестеното, дизајнерката Наталија Терзија го гради визуелниот и емотивниот идентитет на колекцијата „VESPERTINE“ на брендот TERZIYA, претставена на 33-тото издание на Fashion Weekend Skopje, во Музејот на современата уметност. Инспирирана од самракот како ...
Одбележувајќи седум години под брендот А1, А1 Македонија отвора ново поглавје во својот развој и ја претставува новата комуникациска платформа. Со неа, компанијата уште повеќе се доближува до корисниците и ја отсликува суштината на брендот и неговата најважна определба, според која зад секоја иновација, услуга и технолошки напредок, секогаш стојат луѓето и нивните вистински потреби. Оваа определба е заокружена во пораката „Твој А1“. Новата ...
Јубилејниот концерт на ФОЛТИН на 29 август го затвора БитФест, но не и вечерта, по Хераклеа следува Foltin After, а прославата продолжува со уште многу изненадувања БИТФЕСТ ЗАВРШУВА СО ФОЛТИН. ФОЛТИН НЕ ЗАВРШУВААТ СО КОНЦЕРТОТ. Пред 30 години, токму во Хераклеа, на сцена застана бенд кој почнуваше да ја открива својата музика, себе си и публиката пред која за првпат настапуваше. На 29 август 2026 година, три децении подоцна, Фолтин повторно ...