Една жена повикала полиција откако влегла и ја начекала сестра си додека го дои нејзиното бебе.

На популарниот форум „Редит“, 22-годишната жена прашала дали згрешила што ги повикала властите откако ја начекала нејзината 27-годишна сестра како го дои нејзиното бебе. Таа објаснила дека двете се породиле во рок од две недели, а сега новороденчињата имаат три и пет недели.

– Неодамна требаше да правам операција, а бидејќи таткото на моето бебе не е со мене, мојата сестра и нејзиниот сопруг се понудија да го чуваат мојот син додека бев во болница – објаснува таа.

Но, кога стигнала дома од болница и влегла, ја начекала нејзината сестра како го дои нејзиниот син. Таа објаснува дека на почетокот доењето не ѝ пречело. Но, кога нејзината сестра ѝ рекла дека го исфрлила „ѓубрето“ од вештачко млеко и планирала да се молзи и да му дава на бебето, тогаш мајката се вознемирила.

– Бев некако во шок и не изреагирав веднаш, туку отидов до тоалет и повикав полиција. Но, тоа што го направи не беше кривично дело, па полицијата не можеше да направи ништо – објаснува таа.
– Сестра ми се налути, велејќи дека е погрешно тоа што повикав полиција кога сакала само да помогне. Ѝ реков дека фрлањето 14 конзерви со вештачко млеко не е во ред без да се консултира со мене и без никакво планирање. Сега сака да ѝ платам затоа што ми го чуваше бебето – објаснува таа.

Интернет-корисниците беа на страната на помладата сестра.

– Ти должи 14 конзерви вештачко млеко што ги фрли. Може да не се согласува со тебе, но кражбата е кражба – пишуваат дел од интернет-корисниците.

Извор



912

X